За нас

mladi.mk е платформа за младинско информирање, креирана од Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) со цел да ги донесе информациите важни за младите, најблиску до нив.

МЛАДИ.МК е веб-платформа за младинско информирање, иницирана и основана од Националниот младински совет на Македонија во март 2016 година. Млади.мк обезбедува простор за комуникација директно помеѓу организациите, институциите и младите, за промовирање на можностите разновидност и дисеминација на релевантни информации.

 Во моментов, платформата ја користат 52 организации, кои преку своите профили креирани во Млади.мк објавуваат повици и можности за образование, надоградување, волонтерска работа, пракса, работа, натпревари и настани, во нашата земја и во странство. 

 Веб-страницата Млади.мк беше поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, имплементиран од Фондацијата Отворено општество Македонија, додека креирањето на апликацијата Млади.мк беше поддржано од Британската амбасада во Скопје, во рамките на проектот „Младинско учество“.