Настани по повод 8 Април – Меѓународен ден на Ромите

Настани по повод 8 Април – Меѓународен ден на Ромите

Здружението на граѓани „Ромаверзитас“ со чест и задоволство Ве поканува на настаните кои ќе се организираат по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.

Настан „Предизвиците и перспективите на Ромите во Република Северна Македонија“

Настанот ќе се одржи на 08.04.2019 (понеделник), во Собранието на Република Северна Македонија,во Големата купола. Пристигнување и регистрација на гости ќе започне во 11:00 часот. Ве замолуваме да се регистрирате на следниот линк. Вашата регистрација ќе послужи за Ваша идентификација при влезот во Собранието на Република Северна Македонија од службите за обезбедување на Собранието. Ве молиме онлајн регистрацијата и потврдување на Вашето присуство по мејл или смс на тел.број +389 75203064 на овој настан да го направите најдоцна до 01 април 2019г. (понеделник).

Настан„Ораторски настапи на студенти Роми на тема: Ромскиот народ – Минато, Сегашност, Иднина“.  

Настанот ќе се одржи на 04.04.2019г. (четврток), во Македонскиот народен театар (МНТ), со почеток од 17:00 часот. Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на овој настан најдоцна до 01 април 2019г. (понеделник), преку мејл или смс на тел.број +389 75203064 за да резервираме билети за Вашето седиште.

Со задоволство очекуваме да бидете дел од нашите настани, на 04ти и 8ми април по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.

Share this:

Leave a Reply