Јавен повик за кандидати за претседател/ка на Здружението Млади Европски Федералисти – Македонија (ЏЕФ Македонија)

Јавен повик за кандидати за претседател/ка на Здружението Млади Европски Федералисти – Македонија (ЏЕФ Македонија)

Врз основа на член 34 од Статутот на Здружението Млади Европски Федералисти Македонија и член 11 од Правилникот за мандатни прашања и избори на Здружението Млади Европски Федералисти – Македонија, Управниот одбор на ЏЕФ Македонија на 23.09.2019 (понеделник) распиша

Јавен повик за кандидати за претседател/ка на Здружението Млади Европски Федералисти – Македонија (ЏЕФ Македонија)

1. Надлежности на претседателот/претседателката на ЏЕФ Македонија

Според Статутот на ЏЕФ Македонија, претседателот/претседателката на ЏЕФ Македонија е член на Управниот одбор на ЏЕФ Македонија и носител на неплатена политичка функција со мандат од две години и право на повторен реизбор. Претседателот/ката го избира Собранието на ЏЕФ Македонија. Согласно член 37 од Статутот на ЏЕФ Македонија, претседателот/ката на ЏЕФ Македонија ги има следните належности: – Е законски застапник на ЏЕФ Македонија; – Ги потпишува општите акти и одлуки кои ги донесува Собранието на ЏЕФ Македонија; – Ги потпишува општите акти, документи и одлуки кои ги донесува Управниот одбор; – Води сметка активностите на Здружението да бидат извршувани ефективно, – ефикасно, навремено и со висок квалитет; – Ја претставува ЏЕФ Македонија во земјата и странство; и – Врши други работи во согласност со Статутот и актите на Здружението.

2. Општи и посебни услови 2.1. Општи услови Кандидатот/кандидатката треба да ги исполнува следните општи услови: – Да е државјанин на Република Северна Македонија; – Да е на возраст од 18 до 30 години; – Против лицето да не е изречена санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност; – Да не е носител на јавна функција; и – Да ги споделува мисијата и визијата на ЏЕФ Македонија, идејата за обединета Европа, идеологијата на европскиот федерализам и да ги поддржува европските интеграции на Република Северна Македонија;

2.2. Посебни услови Кандидатот/кандидатката треба да ги исполнува следните посебни услови: – Да има работно/волонтерско/практикантско искуство од најмалку 2 години; – Да има искуство со членување во раководни структури и тела со надлежност за донесување одлуки во рамки на здружение на граѓани (Управен одбор,

Секретаријат/Извршна Канцеларија, Надзорен одбор, Советодавен одбор) од најмалку 1 година (напомена: Кандидатите кои имале функција на работодавец ќе имаат предност); – Да има започнато студии (напомена: кандидатите со завршен прв или втор циклус студии, со диплома од општествено-хуманистичките науки ќе имаат предност); – Течно да говори македонски и англиски јазик – најмалку Б2 ниво според Европската рамка за јазици (напомена: познавањето на јазиците на немнозинските заедници во Република Северна Македонија или друг странски јазик освен англискиот ќе се смета за предност); – Да поседува силни комуникациски вештини; – Да поседува менаџерски вештини (учество во и раководење на проекти ќе се смета за предност); – Да ги владее софтверските алатки на Microsoft (Word, Excel, Power Point). Владеењето на други софтверски алатки ќе се смета за предност. – Да може да одвои најмалку 4 часа од денот за потребите на ЏЕФ Македонија и да биде флексибилен во однос на работните обврски во ЏЕФ Македонија и по завршувањето на работните оврски доколку кандидатот е вработен на друго работно место; – Да биде флексибилен и достапен за потребите на меѓународните патувања и претставувања на ЏЕФ Македонија.

3. Потребни документи Кандидатот/кандидатката е потребно да достави CV (не подолго од 4 страници), мотивација за кандидирање (не подолго од 2 страници) во рамки на образецот кој е прикачен во овој повик и скенирана верзија од сите сертификати и документи за докажување на активностите кои кандидатот/кандидатката ги навел/а во доставеното CV. 4. Времетраење на повикот Овој повик трае до 07.10.2019 (понеделник), 23:59 часот. Истиот може да биде продолжен. 5. Контакт Сите потребни документи наведени во овој повик заедно со образецот прикачен во овој повик треба да бидат пратени во електронска форма на macedonia@jef.eu, во рамки на предвидениот рок. 6. Останати информации – Обрасците и документите наведени во овој повик треба да бидат зачувани во pdf формат, во единствен, документ кој ќе биде именуван по следната формула: ime_prezime_pretsedatel_jef. – Обрасци и документи пратени надвор од зададениот рок и спротивно на наведените барања нема да бидат разгледувани. – Само оние кандидати кои ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат контактирани од страна на членовите на комисијата која ќе ги разгледува поднесените кандидатури. – Комисијата може да одлучи кандидатите да ги повика на интервју. – Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат предложени како официјални кандидати за претседател/ка на ЏЕФ Македонија.

Избран ќе биде оној кандидат/кандидатка која ќе ја добие довербата на Собранието на ЏЕФ Македонија на седницата закажана за 12.10.2019 (сабота) на начин утврден со Статутот на ЏЕФ Македонија и Правилникот за мандатни прашања и изборни на ЏЕФ Македонија.

Share this:

Leave a Reply