Школа за миграции

Школа за миграции

Македонското здружение на млади правници организира четиридневна Школа за миграции наменета за студенти на додипломски студии по општествени науки.
Школата ќе се одржи од 27 до 31 мај 2019 година во хотел надвор од Скопје, а работни јазици ќе бидат македонскиот и англискиот јазик.
По завршувањето на Школата секој студент ќе напише краток есеј на избрана тема. Есеите ќе бидат објавени промовирани како збирка на настан за одбележување на Меѓународниот ден на бегалците, 20 јуни 2019 година.
 
МЗМП ги поканува сите заинтересирани студенти кои имаат интерес во областа на миграциите да достават кратка биографија и писмо за изразување интерес (до 300 збора) со наслов Учество на Школа за миграции на електронската адреса ncavolli@myla.org.mk најдоцна до 26.04.2019 година (петок).
 
Повеќе информации за Школата за миграции можете да прочитате на следниот ЛИНК.

Share this:

Leave a Reply