[ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ] Училиште за животни вештини

[ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ] Училиште за животни вештини

Просечното време за наоѓање работа по завршено образование е дури 31 месец, а само 22% од младите имаат успешна транзиција од училиште кон работа

Дали сакаш, со наша помош, да се издвоиш од просекот и успешно да се позиционираш на пазарот на трудот?

Тогаш стани дел од „Училиште за животни вештини“ и со наша помош зголеми ги твоите компетенции и биди дел од младите кои успешно чекорат кон достигнување на својот личен и професионален потенцијал.

Што е Училиште за животни вештини?

Училиште за животни вештини (УЖВ) е практична и директно применлива образовна програма изградена од очекувањата на младите и потребите на деловниот сектор. Истата е наменета за млади, од 15 до 29 години, без разлика на нивниот образовен или работен статус.

Самата програма е поделена во два дела:

  • Тримесечен циклус на обуки во шест модули
  • Едномесечна пракса во реномирани компании

Преку вклучување во Училиште за животни вештини ќе имаш можност да:

– Стекнеш знаења и вештини кои не се стекнуваат во формалниот образовен процес; – Станеш повработлив/а и подобро да се позиционираш на пазарот на трудот; – Стекнеш поголема свесност за потребите на пазарот на трудот; – Го подобриш тимскиот дух и способностите за работа во тим.

Како да станеш дел од Училиште за животни вештини?

Едноставно!

Пополни го формуларот на следниов линк најдоцна до 30 декември. По пополнувањето на формуларот ќе те исконтактираме за да ја потврди твојата апликација и да ти даде инструкции за следните чекори.

Учеството на еден тримесечен циклус кој ги вклучува сите шест модули и можност за едномесечна практична работа во компанија или организација изнесува 2400 денари, со можност за плаќање на три месечни рати, додека трае циклусот на обуки.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ ЗА ТЕМИТЕ НА ОБУКИТЕ, ВРЕМЕНСКАТА РАМКА НА СПРОВЕДУВАЊЕ И ЗА КОМПАНИИТЕ КОИ ЌЕ ПОНУДАТ ПРАКСА НА СЛЕДНИОВ ЛИНК!

Локација:
Скопје
Рок за аплицирање:
30.12.2019
Како да аплицирате:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfnodY9LsICBas0lwX-7JMDg3UP73UwwU4hk5bhVgwezV269A/viewform?fbclid=IwAR1ifEk8S5P_wQR4xIQh_MykzJx1S6HALbBAk6fs9USfR1_MkXpU_1B74GY
Други детали:
http://lead.org.mk/uciliste-za-zivotni-vestini/

Share this:

Leave a Reply