Повик за учесници на семинар S.T.E.P UP, 04 – 09.01.2018, Лешно, Полска.

Повик за учесници на семинар S.T.E.P UP, 04 – 09.01.2018, Лешно, Полска.

ЦМА КРИК објавува: Повик за 3 учесници. Што: Мобилност на младински работници – семинар. Кога: 04-09 Јануари 2018 Каде: Лешно, Полска Организација – домаќин: Fundacja Arena i Swiat Повеќе за проектот: Семинарот ќе поврзе 33 искусни тренери на едно место, кои имаат вештини и мотивација да придонесат за подобрување на квалитетот на проектите во Ерасмус+ програмата на Европската Унија. На индивидуално ниво, семинарот е можност да се унапредат веќе стекнатите вештини на тренерот. Цели: Семинарот цели да ги развие и дискутира темите како: – Комуникација и судења; – Свест и културно изразување; – Инспирација и учење; – Успешна соработка во тимови; – Дизајнирање образовни програми Профил на учесници: ►Проектот е насочен кон тренери со мало или средно искуство во спроведување Ерасмус+ проекти за млади (спроведени мин. 2 тренинг курсеви) ►Учесниците треба да бидат многу мотивирани да учат и да споделуваат искуства на семинарот; ► Да бидат спремни да споделат методи и алатки кои ги знаат, како и да бидат отворени за нови идеи за решенија на проблеми со кои се соочуваат како тренери; ► Да бидат спремни да споделат и да научат добри практики од Ерасмус+ проекти; ► Да бидат способни слободно да комуницираат на англиски јазик и да работат во меѓународни тимови; ► Да имаат желба да ги равиваат своите вештини и да ги подобруваат твоите идеи за проекти во иднина; ► Мотивација, позитивен однос и добра енергија се повеќе од добродојдени на семинарот. Доколку сакате да аплицирате, пополнете ја оваа апликациска форма и испратете ја на kriksending@gmail.com, не подоцна од 01.11.2017 Трошоците за храна, сместување, тренинг материјали се поркриени од организацијата – домаќин. Патните трошоци за настанот ќе бидат рефундирани во висина од најмногу 275 евра. Партиципација: 600 MKD Доколку имате прашања, слободно конрактирајте не на kriksending@gmail.com
Локација:
Лешно, Полска
Рок за аплицирање:
01.11.2017

Share this:

About the Author

Avatar

КРИКЦма Крик е младинска организација формирана во 2012. Целна група со која Крик работи се млади лица со типичен развој и млади лица со сензорна и ментална попреченост. Крик работи на развој на младинска работа и понуда на активности за личен и социјален развој на млади на локално и меѓународно ниво. На национално ниво, Крик е дел од одборот на Сојузот на младинска работа. Исто така сме дел од Националниот младински совет на Македонија.На меѓународно ниво работиме во склоп на програмата Еразмус +. Реализираме голем број на меѓународни активности за млади како младински размени, обуки и ЕВС програмата. Од 2014 година Крик е акредитиран за примање и праќање на ЕВС волонтери. Досега имаме примено и пратено голем број на волонтери на ЕВС. Моментално имаме волонтер од Германија кој работи во нашата организација на период од 1 год. Работиме и на стратешки партнерства на тема вклучување на маргинализирани групи во секојдневни активности.На локално ниво имаме младински програми и разни обуки, работилници, неформални дружби и забави. Од август 2015 год, канцелариите на Крик се наоѓаат во Стара Чаршија, во Безистенот. Делиме простории со кафич Shot Bar. Долниот дел е кафич кој работи после 17:00 часот,а горниот се канцеларии на Крик. Долниот дел исто така се користи за разни активности како обуки и работилници. Како организација која работи со маргинализирани групи имаме развиено база од младински работници кои имаат вештини да работат во интегрирани групи. Активностите често ги реализираме во нашите простории или директно во специјалните училишта за глуви Партение Зоогрфски, или училиштето за слепи Димитар Влахов.

View all posts by КРИК

Leave a Reply