[Повик за учесници]-“Младински лидерски иницијативи, vol.3”

[Повик за учесници]-“Младински лидерски иницијативи, vol.3”

Првата заповед на лидерството: Запознај се себеси

Младите можат по трет пат им дава шанса на 20 млади луѓе за 7 дневно искуство со лични и тимски предизвици, самоевалуација, рефлексија, себе-запознавање и развивање на својот лидерски потенцијал и потоа 3 месечен период за правење промена преку реализирање на иницијатива.

Целта на овој проект е да ги инспирираме младите да станат свесни за својот лидерски потенцијал и да развијат вештини за потоа да преземат акции во својата заедница. Истиот се реализира во две фази.

  1. Интензивен седум-дневен лидерски камп на кој учесниците ќе се здобијат со знаење и ќе искусат:
  • лидерство
  • себе-запознавање
  • самоевалуација
  • рефлексија
  • лични предизвици
  • тимска работа
  • тимски предизвици
  • граѓанско учество
  • детектирање општествен проблем
  • поставување цели
  • изработка на акциски планови

Лидерскиот камп ќе се одржи од 5ти до 11ти февруари на Пониква, Осогово. Учесниците ќе откријат нови работи за себе, ќе развијат вештини кои можеби не знаеле дека ги поседуваат и ќе бидат охрабрени и мотивирани за втората фаза од проектот.

2. Имплементација на три младински иницијативи Во втората фаза од проектот, трите тимови кои ќе бидат формирани на лидерскиот камп ќе изработат акциски планови, ќе испланираат и ќе реализираат три иницијативи. Учесниците на претходните проекти заклучија дека најважна е тимската работа, сослушувањето и разбирањето меѓу членовите, а за да биде успешен еден проект важна е и енергијата и вложеноста на секој поединец во групата. Токму со иницијативите новите идни лидери ќе имаат шанса да искусат како е да се работи во тим и уште побитно, директно да бидат дел од промената која иницијално сакале да ја постигнат. Иницијативите ќе бидат имплементирани со менторска поддршка во период од три месеци, започнувајќи веднаш после лидерскиот камп.

Учесниците ќе бидат бирани на основа на: →нивно досегашно ангажирање во заедницата, →визија за постигнување на промена во иднина и →желба и подготвеност тимски и посветено да имплементираат лидерска иницијатива.

Повикот е отворен за сите млади од 17 до 22 години.

Повеќе детали околу проектот и апликацискиот формулар, може да најдете на следниот линк.

Локација:
Пониква, Осогово (5ти-11ти февруари 2018 година)
Рок за аплицирање:
5ти јануари 2018 година (20:00)
Како да аплицирате:
Со пополнување на апликацискиот формулар кој се наоѓа на www.youthcan.org.mk и испраќање на info@youthcan.org.mk
Други детали:
Кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју. Котизацијата за учество во проектот изнесува 900 денари.

Share this:

About the Author

mladitemozat

mladitemozatМладите можат е организација креирана од младите луѓе за младите луѓе од 8 млади ентузијасти во 2009 година. За 6 години постоење организацијата брои над 700 члена. Младите МОЖАТ овозможува: простор за личен и професионален развој кај младите преку неформалното образование платформа преку која младите можат да ги реализираат своите идеи и иницијативи развој на младински активизам како алатка за општествена промена промоција на правата и слободите на младите луѓе во Македонијa.

View all posts by mladitemozat

Leave a Reply