ОНВПМ – Администратор / финансии пракса 2017 во САД

ОНВПМ – Администратор / финансии пракса 2017 во САД

ОНВПМ, регионалната канцеларија на агенцијата на Обединетите нации во Вашингтон  за Соединетите Американски Држави и Карибите е во потрага по практиканти за секторите администрација/финансии.

Улогата вклучува канцелариска работа во секторот за администрација/финансии под целосен надзор од раководителот на одделот со цел да се осигура дека рутинските услуги и активности во административниот/финансискиот домен се уредно имплементирани. Во однос на природата на задачите и обврските, практикантот/ката ќе добива постојано упатства од други колеги во одделот, а во врска со програмата и ИТ. По специфичните инструкции, должноста на практикантите може да вклучи и врзување со внатрешни или надворешни единки, со цел да осигура ефективна достава на услугите и достигнување на целите. Природата на одредени задачи на административците и персоналот бара дискреција и доверливост по стандардите и праксата на ОНВПМ. Должностите и работата ќе бидат под постојан надзор и упатство на супервизорот.

Бенефити:

  • Избраниот/а практикант/ка ќе биде стациониран во приватниот сектор за финансии во Вашингтон ДК, САД, и ќе работи под супервизија на претставникот на администрацијата за финансии.
  • Практикантите ќе учествуваат во низа активности во делот на администрацијата/финансиите и ќе се запознае со дневните задачи на администрацијата/финансиите и слични проблеми поврзани со програмата на големи хуманитарни организации.

Услови:

  • Аналитички вештини и вештини за правење нацрти;
  • Добра усна комуникација;
  • Знаење за мандатот на ОНВПМ;
  • Способност за самостојна работа со минимална супервизија и во тим;
  • Добар временски менаџмент;
  • Добар степен на компјутерска писменост. Познавање на електронски датабази е пожелно и течно користење на Microsoft Excel е задолжително.
  • Течен англиски е задолжително. Течност во втор јазик, како шпански француски или арапски е пожелно.

Достапно за региони: не е наведено.

Локација:
Вашингтон, САД
Рок за аплицирање:
не е наведен
Како да аплицирате:
http://www.unhcr.org/573c82b64.html
Други детали:
Повеќе информации на: http://www.unhcr.org/

Share this:

Leave a Reply