Танцов театар Скопје – Онлајн претстави

Танцов театар Скопје – Онлајн претстави

Танцовиот театар информира дека од денеска со почеток во 18:30 часот, ќе започне со бесплатно премиерно емитување на претстави во сопствена продукција, од архивата со која располага, со цел да допре до публиката и сите љубители на танцот.

Како што информираат, на својата фејсбук страница вечерва публиката ќе може премиерно да ја проследи првата онлајн претставата на нивниот Youtube Канал „СМС (сите мои слики)“ во кореографија на Рисима Рисимкин, музика на Дуке Бојаџиев, сценографија на Матеа Мијановиќ и костими на Благој Мицевски.

Во претставата настапуваат танчерите на Скопје танцовиот театар Адријана Данчевска, Дејан Битровски, Анастасија Данчевска, Тринга Хиса, Валентино Апостоловски, Јакуб Мунко, Матеа Киселичка, Александра Петрушевска, Дора Кокољ, Андријана Андреева, Роберт Кентер (Холандија), Ефтимиос Цимагерис (Грција), Патрик де Кирко (Италија), Ана Марковска, Елена Здравевска.

Земете грицки, удобно стуткајте се во вашата постелнина и гледајте Скопје танцов театар ТУКА!  

Share this:

Leave a Reply