Rails Girls 2020 – IT работилници

Rails Girls 2020 – IT работилници

Супер вест за сите девојки кои сакаат да почнат со програмирање!

Rails Girls работилницата по трет пат се организира во Македонија. Првата работилница беше одржана во 2014та година, додека втората се одржа лани. Ланската рабтилница предизвика големо внимание од почетничката ИТ популација. Токму за оваа работилница аплицираа повеќе од 200 заинтересирани и истата беше менторирана од 15 искусни програмери од различни ИТ компании во Македонија.

Целта на овие светски познати работилници е да бидат влезна точка за што повеќе девојки во светот на технологијата, програмирањето и развојот на веб технологии. Настанот е бесплатен, а учесничките треба да имаат основно познавање од работа со компјутер и да донесат сопствен лаптоп. Rails Girls Skopje 2020 ќе се одржи на 10ти и 11ти април во просториите на Web Factory.

 

Мариана ЈаневскаИвана Спасова и Михајло Штерјов се организатори на Rails Girls.

Ова е одличен workshop за сите оние:

  • Кои се заинтересирани за програмирање но, не знаат од каде да почнат
  • Работат во IT компанија но, не од техничката страна и сакаат да комуницираат поефективно и поефикасно кога станува збор за програмирање
  • Сакаат да се запознаат со Rails како нова технологија за нив
  • Кои имаат потреба од менторство за да добијат поголема самодоверба при изработка на апликација, од идеја до реализација
Апликациите се отворени за програмери кои се заинтересирани да помогнат како ментори, и секако за учесници кои сакаат да се приклучат како учесници на настанот. Настанот ќе биде на македонски и англиски јазик.  
  • Сите кои сакаат да помогнат како ментори и да го споделат ентузијазмот за програмерство потребно е да ја пополнат следнава форма.
  • Доколку сакате да се пријавите како учесник, аплицирајте тука.
Работилницата е закажана на 10 и 11 Април, во просториите на Web Factory LLC. За сите новости и информации следете ги Rail Girls Skopje, на друштвените мрежи: TwitterFacebookInstagram!

Share this:

Leave a Reply