Прашалник за млади – Доброволен национален преглед

Прашалник за млади – Доброволен национален преглед

Младинската мрежа Y-PEER, во соработка со Владата на Република Северна Македонија, и со поддршка на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА, го изработи и го споделува овој Прашалник за млади, како дел од консултативниот процес за млади и младински придонес кон Доброволниот национален преглед (Voluntary National Review – VNR).

Прашалникот е поделен во две тематски области: младински предизвици и Агенда 2030 и Цели за одржлив развој. Вкупно содржи 12 тематски прашања поврзани со младите, нивниот квалитет на живот и визија за иднината во следните 10 години. За да го пополните прашалникот ви се потребни најмногу 10 минути, а со вашите одговори може да придонесете кон јасно артикулирање на младинскиот глас, потребите и визијата на младите за тоа каква иднина посакуваат на локално и национало ниво.

Вашите размислувања, предизвици и идеи споделете ги бидејќи сечиј глас е важен и никој не треба да биде изоставен.

МК – http://bit.ly/390CATr   АЛ – http://bit.ly/3c9dwvF    ЕН – http://bit.ly/2SYMBLk

Доколку имате прашања, контактирајте го тимот на Y-PEER на youthpeermacedonia@gmail.com.

Share this:

Leave a Reply