Панел дискусија: Како полесно до виза за волонтери од Европски Солидарен Корпус?

Панел дискусија: Како полесно до виза за волонтери од Европски Солидарен Корпус?

ЦМА Крик организира панел дискусија на тема: Како полесно до виза за волонтери од Европски Солидарен Корпус?

Панел дискусијата ќе се одржи на 10ти март 2020 год. (вторник), со почеток од 12.00 часот, во просториите на Канцеларијата на Претседателот – МладиХаб.

Панел дискусијата има за цел да ја доближи постапката за аплицирање и добивање на волонтерска виза за волонтерите во вашите организации и да ја зајакне соработката со Министерството за надворешни работи, Министерство за внатрешни работи и Министерство за труд и социјална политика како релевантни чинители во процесот на издавање виза и регулирање на престојот на волонтерите.

На панел дискусијата како говорници ќе се јават: -претставник на Министерството за надворешни работи -претставник на Министерство за труд и социјална политика -претставник на Министерството за внатрешни работи и -претставник од Цма Крик.

По обраќањата на говорниците следи дискусија за предизвиците со кои организациите и волонтерите се соочуваат во процесот на добивање виза и регулирање на престојот на волонтерите. Панел дискусијата е дел од проектните активности од проектот VISA International System for Advocacy кои ЦМА Крик ги имплементира поддржани од програмата Еразмус + преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Проектот опфаќа низа активности кои имаат за цел да го олеснат процесот на извадење на виза за интернационални волонтери.

Како дел од проектните активности ЦМА КРИК ќе: 1. Организира средби и панел дискусии низ Репубика Северна Македонија со претставници на релавентни институции кои се вклучени во процесот на издавање на виза за интернационални волонтери (Министерство за внатрешни работи, Министерство за надворешни работи и Министерство за труд и социјална политика) и претставници на младински организации акредитирани за програмите Европски волонтерски сервис и Европски солидарен корпус. Целта на средбите е запознавање на организациите со процесот на издавање на виза за интернационалните волонтери.

2. Подотовка на 2 документи – Документ во кој секвенцијално ќе бидат објаснети чекорите и потребните документи за извадање на виза за интернационални волонтери. – Документ со контакт листи од амбасадите во Република Северна Македонија.

Локација:
MladiHub
Рок за аплицирање:
08.03.2020
Како да аплицирате:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSca13aygsVgRjlXm5C1QWwTzohDYnVJhqFgF05rW00uYkZXQw/viewform

Share this:

About the Author

Avatar

КРИКЦма Крик е младинска организација формирана во 2012. Целна група со која Крик работи се млади лица со типичен развој и млади лица со сензорна и ментална попреченост. Крик работи на развој на младинска работа и понуда на активности за личен и социјален развој на млади на локално и меѓународно ниво. На национално ниво, Крик е дел од одборот на Сојузот на младинска работа. Исто така сме дел од Националниот младински совет на Македонија.На меѓународно ниво работиме во склоп на програмата Еразмус +. Реализираме голем број на меѓународни активности за млади како младински размени, обуки и ЕВС програмата. Од 2014 година Крик е акредитиран за примање и праќање на ЕВС волонтери. Досега имаме примено и пратено голем број на волонтери на ЕВС. Моментално имаме волонтер од Германија кој работи во нашата организација на период од 1 год. Работиме и на стратешки партнерства на тема вклучување на маргинализирани групи во секојдневни активности.На локално ниво имаме младински програми и разни обуки, работилници, неформални дружби и забави. Од август 2015 год, канцелариите на Крик се наоѓаат во Стара Чаршија, во Безистенот. Делиме простории со кафич Shot Bar. Долниот дел е кафич кој работи после 17:00 часот,а горниот се канцеларии на Крик. Долниот дел исто така се користи за разни активности како обуки и работилници. Како организација која работи со маргинализирани групи имаме развиено база од младински работници кои имаат вештини да работат во интегрирани групи. Активностите често ги реализираме во нашите простории или директно во специјалните училишта за глуви Партение Зоогрфски, или училиштето за слепи Димитар Влахов.

View all posts by КРИК

Leave a Reply