Повик за EСК волонтер во Романија

Повик за EСК волонтер во Романија

Домаќин организацијата ADAPTO- Здружение за еднаквост на млади, е организација која промовира еднаквост меѓу сите млади, без оглед на расата, пол, финансиска состојба, способности / инвалидитет.

Главните цели на АДАПТО припаѓаат на 3 области: образование и обука; проекти чија таргет група се загрозени млади луѓе и промовирање на европските вредности. Исто така, здружението организира и е партнер во меѓународни и национални тренинзи за обука и размена на млади на теми како што се европско државјанство, човекови права и социјална инклузија. Внатрешното правило на здружението е да се промовира стапка на учество од 10-50% на инвалиди или хендикепирани млади.

Ангажманот на волонтерот предвидува: Активностите вклучуваат помош при организирање на училишни и средношколски презентации, Еразмус + проекти и локални проекти главно поврзани со пристапност и инклузија. 1. Фотографирање, креирање објави, истражување за “Accessibility Foul” онлајн кампањата и помош при креирање објави за истата. 2. Помош при организирање на Еразмус + проекти кои АДАПТО ги спроведува; 3. Учество и придонес на презентации во основни и средни училишта или факултет. 4. Активности со лица со посебни потреби во Арка Дневен центар 5. Помош при секојдневните активности на АДАПТО; 6. Активности со деца од Intelect Parc; 7. Помош на плажа за инвалиди 8. Правење на слики и креирање изложба на крајот на волонтерското искуство

Проектот започнува од 01 март 2020 до 01 март 2021, односно е во времетраење од 12 месеци. Планирана е и претходна координативна посета, пред започнување на ангажманот, која ќе се оддржи на 12 и 13 февруари 2020 година во Констанца, Романија.

Локација:
Констанца, Романија
Рок за аплицирање:
18.01.2020.
Како да аплицирате:
Начинот на аплицирање е со испраќање на мотивациско писмо и кратка биографија (CV) на info@youthcan.org.mk 
Други детали:
https://youthcan.org.mk/povik-za-volonter-vo-romanija-preku-evropski-solidaren-korpus/

Share this:

About the Author

mladitemozat

mladitemozatМладите можат е организација креирана од младите луѓе за младите луѓе од 8 млади ентузијасти во 2009 година. За 6 години постоење организацијата брои над 700 члена. Младите МОЖАТ овозможува: простор за личен и професионален развој кај младите преку неформалното образование платформа преку која младите можат да ги реализираат своите идеи и иницијативи развој на младински активизам како алатка за општествена промена промоција на правата и слободите на младите луѓе во Македонијa.

View all posts by mladitemozat