Заинтересирај се и ТИ!

Заинтересирај се и ТИ!

Крик заедно со Сојуз на извидници на Македонија се заинтересирани за млади лица кои се уште позаинтересирани да ни се приклучат во кампањата за прибирање на средства за младинските инклузивни кампови Camp Me In. Летните кампови за прв пат беа организирани во 2017 година и финансирани од Уницеф Скопје. Оваа година, пари нема. Ама ќе ги собереме 🙂 Се заинтересира? Чекај уште малку имаш доле форма за заинтересираност. Камповите се 6 дневни кампови кои се организираат во Извидничкиот центар Охрид наменети за млади лица со попреченост и без. Доколку си младо лице или така се чувствуваш и сакаш да ни помогнеш да ги организираме летните инклузивни младински кампови, ние веќе сме ЗАИНТЕРЕСИРАНИ да ни помогнеш е овака-директно во организација на настаните во април и мај. Досадно ти е веќе од секој викенд те едното исто? Ти викаат и од дома иди заинтересирај се негде, доста ги мериш улиците и правиш дупка во каучите? Сакаш да правиш нешто различно а сепак забавно? Ти иде организација на настани? Сакаш да организираш забави и настани? Ние го имаме совршениот настан за тебе тогаш. Придружи ни се викендашки на активностите од кампањата за собирање средства за кампови. Активностите на отворено се активности кои се спроведуваат на отворено низ местата во Скопје каде има поголем број на посетители. Овие активности се различни секој викенд. Минатиот викенд, тимот подготви мафини во сабота, а во недела ги продаваа во Градскиот парк. Активностите за наредниот викенд се сеуште отворени за идеи. Доколку имаш и ти интересни идеи, ние би сакале да ги слушнеме. Веќе сигурно си заинтересиран/а чим стигна до тука. Пополни ја оваа кратка форма ЗАИНТЕРЕСИРАН/А СУМ https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSc849krWEXUx7XYbAVko_ITmLW2TQi1JqYz02IHGyK7SoLSxA/viewform и Ацка одма ти звони 🙂 А ако си стварно заинтересиран, ама ептен ти се лабави за викенд, или па си шеташ негде цело време еве можеш да донираш некој долар на платформава https://www.indiegogo.com/projects/camp-me-in?fbclid=IwAR1zcsAt-cScbdvIJhjzzlqSnbXxlyL6_HHA0T0OyuEL0y8FQrUay2pHAkM#/ Спамај и другарчиња на фб мсн, што има везе 🙂 Добро дело на денот ете. Планот за собирање на средства е следен: -Котизација за учесниците (во котизацијата се вклучени минималните основни трошоци како храна, превоз и работниот тим) пријавување на учество на следнава форма -Кампања за прибирање средства онлајн која можете да ја најдете на платформата indiegogo -Продажба на колачи и/или други производи и организирање на настани и забави
Локација:
Скопје
Како да аплицирате:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSc849krWEXUx7XYbAVko_ITmLW2TQi1JqYz02IHGyK7SoLSxA/viewform

Share this:

About the Author

КРИКЦма Крик е младинска организација формирана во 2012. Целна група со која Крик работи се млади лица со типичен развој и млади лица со сензорна и ментална попреченост. Крик работи на развој на младинска работа и понуда на активности за личен и социјален развој на млади на локално и меѓународно ниво. На национално ниво, Крик е дел од одборот на Сојузот на младинска работа. Исто така сме дел од Националниот младински совет на Македонија.На меѓународно ниво работиме во склоп на програмата Еразмус +. Реализираме голем број на меѓународни активности за млади како младински размени, обуки и ЕВС програмата. Од 2014 година Крик е акредитиран за примање и праќање на ЕВС волонтери. Досега имаме примено и пратено голем број на волонтери на ЕВС. Моментално имаме волонтер од Германија кој работи во нашата организација на период од 1 год. Работиме и на стратешки партнерства на тема вклучување на маргинализирани групи во секојдневни активности.На локално ниво имаме младински програми и разни обуки, работилници, неформални дружби и забави. Од август 2015 год, канцелариите на Крик се наоѓаат во Стара Чаршија, во Безистенот. Делиме простории со кафич Shot Bar. Долниот дел е кафич кој работи после 17:00 часот,а горниот се канцеларии на Крик. Долниот дел исто така се користи за разни активности како обуки и работилници. Како организација која работи со маргинализирани групи имаме развиено база од младински работници кои имаат вештини да работат во интегрирани групи. Активностите често ги реализираме во нашите простории или директно во специјалните училишта за глуви Партение Зоогрфски, или училиштето за слепи Димитар Влахов.

View all posts by КРИК

Leave a Reply