Волонтирање во Дрезден, Германија

Волонтирање во Дрезден, Германија

Сакаш да волонтираш? Си размислувал/а да организираш активности? Сакаш да се изразуваш креативно?

Младите можат споделуваат можност за волонтирање во Дрезден, Германија. Волонтирањето е од времетраeње од 12 месеци, започнувајќи од октомври 2018 до септември 2019та.

Организацијата – домаќин е Kultur Aktiv која има 10 годишно искуство со Еразмус плус програмата. Преку мобилности и локални активности, тие промовираат култура и уметност како и волонтирање. Тие организираат фестивали, концерти и забави, филмски вечери, практиканства и волонтерства, тренинзи и работилници како и разновидни дискусии. Дополнително, даваат можност на секој да спроведе некоја активност со нивна поддршка. Повеќе информации за организацијата на http://www.kulturaktiv.org/?lang=en .

Активности на волонтерот би биле: – Планирање, спроведување и проценка на мали проекти – Помош при подготовка и спроведување на проекти – Развивање на соработката на полето на културата помеѓу Скопје и Дрезден – Креирање принт и онлајн материјали

Организацијата ви овозможува здраствено осигурување, сместување, интернет, храна, месечен надоместок како и часови по германски јазик. Како дел од проектот ќе имате можност да бидете дел од активностите кои тие ги организираат. Овој проект е поддржан од Еразмус+ програмата. Доколку си од 18-30 години, го познаваш англискиот и/или германскиот јазик(не е обврзувачки), имаш искуство на полето на културата (основно познавање на графички дизајн се смета за плус) – можеш да аплицираш уште сега!

Аплицирај на info@youthcan.org.mk со испраќање на CV и мотивациско писмо (должина – една А4 страна максимум) на англиски јазик. Рок на пријавување: до 10 Септември

Доколку имаш дополнителни прашања, пиши нѝ на info@youthcan.org.mk .

Локација:
Дрезден, Германија
Рок за аплицирање:
10 септември
Како да аплицирате:
Со испраќање на CV и мотивациско писмо на англиски на info@youthcan.org.mk

Share this:

About the Author

mladitemozatМладите можат е организација креирана од младите луѓе за младите луѓе од 8 млади ентузијасти во 2009 година. За 6 години постоење организацијата брои над 700 члена. Младите МОЖАТ овозможува: простор за личен и професионален развој кај младите преку неформалното образование платформа преку која младите можат да ги реализираат своите идеи и иницијативи развој на младински активизам како алатка за општествена промена промоција на правата и слободите на младите луѓе во Македонијa.

View all posts by mladitemozat

Leave a Reply