Стани активен член во Младите можат оваа година!

Стани активен член во Младите можат оваа година!

Охрабри ➡ Идентификувај ➡ Делувај – Пристап карактеристичен за работата на Младите можат, применет во многу проекти и програми, а од 2018 г. и во функционирањето на активното членство. Активното членство на Младите можат е суштински дел од организацијата и преку развој на истиот веруваме дека ќе ја зголемиме моќта на младите како катализатори на промени во денешното општество.

Активен член во Младите можат може да стане секој млад човек кој има желба да се развива на личен план, со секоја своја акција да станува подобра и поуспешна личност, да волонтира и да придонесува кон позитивни промени во заедницата во која живее.

Те повикуваме да бидеш еден/една од младите кои ќе започнат промена, најпрво од себе а потоа и на другите околу себе, на тема во која се пронаоѓаш и со можност и слобода да бидеш креатор на своите акции за таа тема.

Што ти нудиме?

  • присуство на обуки и тренинзи преку кои ќе стекнеш вештини што не се учат во училиште,
  • можност да патуваш и да ја претставуваш Младите можат на национални и интернационални настани,
  • да ги носиш најважните одлуки за организацијата, затоа што ти си член на Собранието кое е највисокото тело во структурата,
  • да ги подобриш предизвиците во заедницата, работејќи тимски со твои врсници

Младите можат во рамките на активното членство формира тимови кои волонтираат и имплементираат иницијативи на теми кои се моментално актуелни и кои адресираат одреден младински предизвик во нашето општество. За активните членови да ги раздлабочат и да добијат повеќе знаење на темата која ја избрале потребно е истражување и развивање на способности за зголемување на нашата свест а потоа зголемување на истата на останатите. Како дел од тимот кој ќе го изберат тие ќе имаат можност преку состаноци, тимска работа, координирање од страна на тим лидер и менторирање од страна на координаторот за членство на Младите можат да го зголемат своето искуство и знаење на темата, да развијат вештини кај себе, да организираат активности и да бидат дел од промената која би сакале да ја постигнат.

Сакаш да станеш наш активен член? Се што е потребно е да ја пополниш пристапницата за активен член која се наоѓа на овој линк и да ја подмириш годишната членарина од 500 денари (пример на овој линк). Те замолуваме тоа да го сториш што поскоро, бидејќи активностите започнуваат веднаш!

Доколку имаш прашања пиши ни на info@youthcan.org.mk

Локација:
Скопје
Рок за аплицирање:
тековно
Како да аплицирате:
Пополнете ја пристапницата кон активното членство на овој линк: https://goo.gl/forms/fB99rTVb42p2kcW53

Share this:

About the Author

mladitemozatМладите можат е организација креирана од младите луѓе за младите луѓе од 8 млади ентузијасти во 2009 година. За 6 години постоење организацијата брои над 700 члена. Младите МОЖАТ овозможува: простор за личен и професионален развој кај младите преку неформалното образование платформа преку која младите можат да ги реализираат своите идеи и иницијативи развој на младински активизам како алатка за општествена промена промоција на правата и слободите на младите луѓе во Македонијa.

View all posts by mladitemozat

Leave a Reply