Прашалник: Истражување на практиките на граѓанските организации за последователни активности (follow up) по завршување на интернационални настани

Прашалник: Истражување на практиките на граѓанските организации за последователни активности (follow up) по завршување на интернационални настани

Ви споделуваме краток прашалник, со што ќе помогнете за обликување на предлози и препораки за подобрување на влијанието и последователните активности (follow up) на едукативните мобилности.
 
Прашалникот можете да го најдете на македонски и на албански јазик и нема да Ви одземе повеќе од 10-15 минути.
 
Станува збор за истражување на практиките на граѓанските организации за последователни активности (follow up) по завршување на интернационални настани кое го спроведува Центар за интеркултурен дијалог заедно со YEU International – Белгија, Project2020 – Велс, АДЕЛ – Словачка, Обединети општества на Балканот – Грција и CGE Ерфурт – Германија.
 
Истражувањето е дел од проектот “Mix it up, shake it up – последователни активности на интернационални настани” чија главна идеја е да го преиначи и редефинира концептот на последователни активности (follow up) на интернационални настани со цел да се најде ефективен начин за пренесување на стекнатото знаење и атмосферата формирана на настаните кон локалниот контекст на учесниците.
 
По ова истражување партнерите на проектот ќе развијат Упатство за тоа како да се обезбедат ефективни последователни активности (follow up) на интернационалните настани и квалитетен трансфер на стекнатото знаење од интернационално на локално ниво, Платформа за онлајн поддршка за проценка на влијанието: со информации и модули за учење за други организации или младински работници и сет на препораки кон младински организации и институции: какви структурни промени можат да направат за да бидат повеќе инклузивни.

Share this:

Leave a Reply