Повик за ЏЕФ Клуб

Повик за ЏЕФ Клуб

Сметаш дека политиката е многу повеќе од политичка партија? Не се срамиш гласно да го кажеш твојот политички став! Имаш политички став, но не сметаш дека тоа те поврзува со одредена политичка партија? Те интересира ЕУ? Знаеш да ги наброиш 24-те службени јазици на ЕУ? Сметаш дека во иднина Европа треба да биде обединета? Знаеш кој е Алтиеро Спинели? Не те плаши зборот федерација? Знаеш да ги наброиш институциите на Европската Унија? Знаеш колку ѕвезди има на знамето на ЕУ? Знаеш да ја испееш „Ода на радоста“? Знаеш точно каде да се позиционираш на политичкиот спектар? Веруваш во европскиот проект? Веруваш во Европа без граници? Веруваш во слободата, демократијата, човековите права и владеењето на правото? Веруваш во мир? Го разбираш и знаеш да го објасниш начелото на супсидијарност? Не ти смета ако твојот дечко/девојка/најдобар пријател/пријателка има различни политички убедувања од твоите? Сакаш да го соочиш твојот став со ставот на другите? Знаеш што е ЏЕФ?

Тогаш „ЏЕФ Клубот“ е одлична можност за тебе! Регистрирај се и стани дел од првиот неформален младински политички клуб и запознај ги Младите европски федералисти од Македонија (џефери 😃).

ЏЕФ Клубот нуди:

  • дебати на важни политички и општествени теми, по твој предлог;
  • средби со политичари од Република Македонија и останатите европски држави за важни прашања од државата и континентот;
  • дружење и запознавање со различни општествено-политички чинители;
  • можност за студиски посети и учество на семинари, обуки и други настани преку активно вклучување на мрежата на ЏЕФ;
  • предавања за Европската Унија;
  • политичка едукација; и
  • многу други активности во рамки на поширокото семејство на ЏЕФ.

Сѐ што треба да направиш е да испратиш мејл на macedonia@jef.eu со назнака „Регистрација за ЏЕФ Клуб“ во кој ќе го наведеш твоето име и презиме и ќе ја истакнеш твојата желба да присуствуваш на првата средба на клубот. Испрати го овој мејл најдоцна до 25-ти февруари 2019 година.

Share this:

Leave a Reply