Повик за два ЕВС волонтери во Романија

Повик за два ЕВС волонтери во Романија

Сакаш да организираш локални настани? Да соработуваш со млади? Да волонтираш 1 година во Романија?

Биди еден/една од двата волонтери кои Младите можат ќе ги испрати на проект кој цели да ги развие општествените и интеркултурни компетенции, но и  критичкото размислување кај 8 ЕВС волонтери и 450 млади од 6 локални заедници.

Волонтирањето започнува на 06.05.2019 до 05.05.2020 (12 месеци). Доаѓајќи од Шпанија, Македонија, Турција и Франција, 8 волонтери/ки (два/две од секоја земја) ќе можат волонтираат во Râmnicu Vâlcea, Романија.

Задачите на волонтерите се поделени на неколку фази:

  1. Волонтерите ќе ја постават основата на проектот и ќе ги постават основите на своите знаења за околината во која се наоѓаат преку истражувања на локалните заедници и идентификувајќи ги потребите на младите. Преку истражувањата, 6 заедници со помалку можности во регионот на Râmnicu Vâlcea.
  2. Основање на 6 младински клубови наречени „Action for Social Inclusion“ во веќе идентификуваните области со помалку можности преку правење план за волонтерски активности со поддршка на локални партнери. Во оваа фаза, волонтерите заедно со локалните партнери ќе развијат работилници, креативни дебати, сесии за можности за личен развој, интеркултурни работилници (часови по мајчиниот јазик) и слично.
  3. Спроведување волонтерски активности во младинските клубови на теми како социјално претприемништво, финансиска писменост, филмски проекции, storytelling(преку слики), помагање при пишување CV и мотивациско писмо и слични активности.
  4. Последната фаза ќе се состои од активности како: организирање семинар за социјална инклузија, 2 тркалезни маси за социјална инклузија, презентирање на постигнатите резултати во предходните фази и завршна конференција.

Организацијата овозможува здраствено осигурување, сместување, интернет, храна(130 ЕУР месечно), месечен џепарлак(60 ЕУР месечно). Патните трошоци во висина од 180 ЕУР за повратна карта ќе бидат рефундирани од страна на организацијата. Овој проект е поддржан од Еразмус+ програмата на Европската комисија.

Волонтерите кои ќе бидат вклучени во овој проект ќе добијат Youthpass сертификат на крај од ЕВС проектот кој ќе биде доказ за неформалното учење и искуство во текот на 12те месеци.

Доколку си од 18-30 години, го познаваш англискиот јазик – можеш да аплицираш уште сега! Повеќе детали за оваа можност можеш да најдеш на Infopack-Romania.

Аплицирајте со испраќање на кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на info@youthcan.org.mk до 01 февруари 2019та (вторник) до 23:59 часот.

Доколку имате дополнителни прашања, слободно контактирајте нè на info@youthcan.org.mk.

Локација:
Râmnicu Vâlcea, Романија
Рок за аплицирање:
01 февруари 2019та
Како да аплицирате:
Со испраќање на кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на info@youthcan.org.mk

Share this:

About the Author

mladitemozatМладите можат е организација креирана од младите луѓе за младите луѓе од 8 млади ентузијасти во 2009 година. За 6 години постоење организацијата брои над 700 члена. Младите МОЖАТ овозможува: простор за личен и професионален развој кај младите преку неформалното образование платформа преку која младите можат да ги реализираат своите идеи и иницијативи развој на младински активизам како алатка за општествена промена промоција на правата и слободите на младите луѓе во Македонијa.

View all posts by mladitemozat

Leave a Reply