Повик за 4 волонтери за спроведување на младински програми

Повик за 4 волонтери за спроведување на младински програми

ЦМА Крик објавува повик за 4 волонтери (дефектолози – специјални едукатори; студенти на дефектологија) за спроведување на младински програми во 4 специјални училишта.

Во рамки на тековните активности на ЦМА Крик се спроведуваат младински програми во 4 специјални училишта:

  • ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ – Скопје
  • Завод за рехабилитација на деца и младинци – Топанско Поле
  • ДУЦОР „Партенија Зографски“ – Скопје
  • ПОУ „Златан Сремец“ – Скопје.

Волонтерите ќе работат во тим составен од 1 младински работник и 1 млад човек.

Во склоп на активностите предвидено е планирање и спроведување на младинска програма составена од 10 инклузивни работилници во времетраење од 4 месеци (еднаш во неделата). Како учесници на работилниците ќе бидат млади лица со попреченост и без.

Потребни квалификации:

  • Познавање на дефектологија;
  • Претходно искуство ќе се смета за предност.

Доколку сте заинтересирани пополнете ја оваа апликациска форма најдоцна до 3ти септември.

Во рамки на активностите, предвиден е паричен надомест за покривање на превоз и хранарина за волонтерите.

Доколку имате дополнителни прашања, можете да не контактирате на infokrikcenter@gmail.com.

Ве очекуваме!

Локација:
ЦМА Крик.
Рок за аплицирање:
3ти септември

Share this:

About the Author

КРИКЦма Крик е младинска организација формирана во 2012. Целна група со која Крик работи се млади лица со типичен развој и млади лица со сензорна и ментална попреченост. Крик работи на развој на младинска работа и понуда на активности за личен и социјален развој на млади на локално и меѓународно ниво. На национално ниво, Крик е дел од одборот на Сојузот на младинска работа. Исто така сме дел од Националниот младински совет на Македонија.На меѓународно ниво работиме во склоп на програмата Еразмус +. Реализираме голем број на меѓународни активности за млади како младински размени, обуки и ЕВС програмата. Од 2014 година Крик е акредитиран за примање и праќање на ЕВС волонтери. Досега имаме примено и пратено голем број на волонтери на ЕВС. Моментално имаме волонтер од Германија кој работи во нашата организација на период од 1 год. Работиме и на стратешки партнерства на тема вклучување на маргинализирани групи во секојдневни активности.На локално ниво имаме младински програми и разни обуки, работилници, неформални дружби и забави. Од август 2015 год, канцелариите на Крик се наоѓаат во Стара Чаршија, во Безистенот. Делиме простории со кафич Shot Bar. Долниот дел е кафич кој работи после 17:00 часот,а горниот се канцеларии на Крик. Долниот дел исто така се користи за разни активности како обуки и работилници. Како организација која работи со маргинализирани групи имаме развиено база од младински работници кои имаат вештини да работат во интегрирани групи. Активностите често ги реализираме во нашите простории или директно во специјалните училишта за глуви Партение Зоогрфски, или училиштето за слепи Димитар Влахов.

View all posts by КРИК

Leave a Reply