„Не се фолирај, ВОЛОНТИРАЈ!” | Епизода 1

„Не се фолирај, ВОЛОНТИРАЈ!” | Епизода 1

“Не се фолирај, волонтирај!” е иницијатива спроведена од страна на 8 ентузијастични млади, воедно активни членови на Младите Можат, која е наменета да допре до тинејџерите кои не се запознаени со придобивките од волонтирање и неформално образование. Преку кратко видео се обидуваат да го привлечат вниманието на своите врсници на начин кој знаат дека е највлијателен – социјалните мрежи, но секако ова видео не е крајот. Ова е можноста да се запознаете со Младенчо, кој своите денови ги троши бескорисно, со една иста рутина, но токму социјалните мрежи го инспирираат да направи некаква промена за себе и за своето општество. Можеби и тебе ова кратко, но интересно видео ќе те натера да ја смениш својата здодевна секојдневна рутина, па не се двоуми и одвој само неколку минути да го запознаеш нашиот Младенчо! Секако, доколку сакаш да се информираш и за други иницијативи и настани, посети ги и другите социјални мрежи на Младите Можат:      
Локација:
Скопје
Рок за аплицирање:
/
Како да аплицирате:
/

Share this:

About the Author

mladitemozatМладите можат е организација креирана од младите луѓе за младите луѓе од 8 млади ентузијасти во 2009 година. За 6 години постоење организацијата брои над 700 члена. Младите МОЖАТ овозможува: простор за личен и професионален развој кај младите преку неформалното образование платформа преку која младите можат да ги реализираат своите идеи и иницијативи развој на младински активизам како алатка за општествена промена промоција на правата и слободите на младите луѓе во Македонијa.

View all posts by mladitemozat

Leave a Reply