Наванти: Анкетен прашалник

Наванти: Анкетен прашалник

Ги повикуваме младите да дадат свој придонес во истражување со пополнување на анкетен прашалник.

Целна група на истражувањето се младите во РСМ на возраст од 15 до 29 год. со посебен интерес кон младите кои доаѓаат од различни малцински заедници, како етнички, верски, сексуални или родови малцинства, како и млади со попреченост.

Прашалникот ја гарантира анонимноста и приватноста на испитаниците – т.е. во ниту еден момент не се прибираат податоци кои ќе го откријат личниот идентитет. Неговото пополнување нема да одземе повеќе од 15 минути, а е достапна и верзија на македонски, албански и англиски јазик.

Линк до прашалникот: https://surveysf.questionpro.com/

Ова истражување го спроведува истражувачката агенција „Наванти“ од САД, а наодите од истражувањето ќе бидат искористени за информирање на идните програми на УСАИД во РСМ. Истражувањето се спроведува со примена на квантитативен метод – прашалник, и квалитативен метод – фокус групи и интервјуа со клучни информатори.

За сите прашања, нејаснотии или забелешки, обратете се на martin_aleksoski2@yahoo.com или на тимот на Субверзивен Фронт на contact@s-front.org.mk

Share this:

Leave a Reply