Истражување за младински ставови за пазарот на трудот во Македонија

Истражување за младински ставови за пазарот на трудот во Македонија

Фондацијата за демократија на Вестминстер, во соработка со независни истражувачи, спроведува истражување на тема младински ставови за пазарот на трудот во Македонија. Фокусот е ставен на перцепцијата на младите за важноста на образовните квалификации и работните вештини во процесот на аплицирање за ново работно место на лидерска позиција во неколку општествени сфери (политика, граѓански и бизнис сектор).
Истражувањето е достапно на македонски и албански.
Во истражувањето можат да учествуваат сите граѓани на Македонија кои имаат помеѓу 16 и 30 години. Учеството е доброволно и потполно анонимно. Пополнувањето на прашалникот трае максимум 5 минути, а податоците ќе се користат исклучиво за изработка на истражувачки труд кој на јавноста ќе и биде достапен во мај.

Share this:

Leave a Reply