Повик за вработување на координатор за младински програми во Цма Крик

Повик за вработување на координатор за младински програми во Цма Крик

 
Име: Центар за младински активизам Цма Крик
Адреса: Караџица 6
Тел: ++389 78 370 987
Email: infokrikcenter@gmail.com
Веб: www.krik.org.mk fb page: CYA KRIK
Лице за контакт: Mила Карадафова
email: Karadafova@hotmail.com
Краен рок 15.09.2018// Работниот ангажман започнува од: во договор со кандидатот (што е можно побрзо)

Центарот за младинскиот активизам Крик е невладина, непрофитна организација основана од страна на млади луѓе, предводена од млади луѓе и работи за и со младите луѓе. Крик се стреми кон поттикнување на поголемо учество на младите, младински активизам, да ги охрабри младите луѓе да бидат повеќе вклучени во процесот на креирање политики на локално и на национално ниво. Целната група со која КРИК работи се млади луѓе кои сакаат да придонесат и направат промени во општеството и работење за благостојба на социјално исклучените групи од општеството и маргинализираните групи.

Мисијата на Крик е зајакнување на капацитетите на младите, нивно мотивирање за слободно да го изразат своето мислење, да придонесуваат во општеството, како и поддршка на младинската работа и младинските работници преку дејствување во различни области со цел поголема партиципација на младите, младинскиот активизам и вклученост во процесот на креирање политики на локално и национално ниво.

За потребите на секојдневното работење на Центар за младински активизам Цма Крик отвараме 1 нови работна позиција и тоа: програмски координатор за младински програми.

Основни информации:

Позиција: Програмски координатор за младински програми.

Работни обврски:

  • Да менторира волонтери од Европскиот волонтерски сервис кои волонтираат во Крик на краток или долг рок ;
  • Да обезбеди советување на младински работници кои спроведуваат програми во специјалните училишта
  • Да спроведува и да го координира процесот на младинските програми во специјалните училишта
  • Да мапира млади невработени лица и нуди поддршка за нивно вработување
  • Да обезбеди програмска поддршка при организирање настани и активностите кои се спроведуваат;
  • Да фацилитира сесии на различни теми за различни целни групи на млади;
  • Да понуди експертиза и знаење за личен и социјален развој на млади со типичен развој и млади со попреченост;
  • Да детектира и да пристапи до различни програми за да обезбеди едукативни можности за личен и социјален развој на млади лица со попреченост и без;
  • Директно е вклучен во менаџирањето на веќе постоечките и тековни проекти на организацијата и помага во дизајнирање на нови според потребите на целните групи;
  • Директно е вклучен во прибирање финансиски средства за наредни проектните активности;

Потребни квалификации:

  • Универзитетска диплома по психологија или релевантно искуство;
  • Компетенции за фацилитација на настани и активности за млади лица со попреченост и без;
  • Да биде способен/а програмски и логистички да организира настани и активности;
  • Флексибилност при одговарање на менување на потребите на учесниците и извршната канцеларија;
  • Способност да придонесува и работи во тим;
  • Способност да воспостави и одржи ефективни работни односи со луѓе од различни позадини;
  • Да има познавање на процесот на менторирање (менторирање на ЕВС волонтери се смета за предност);
  • Познавање од младинска работа и младинскиот сектор во Македонија се смета за предност;
  • Да има искуство во координирање/поддршка на група на едукатори/младински работници при спроведување на програми со лица со попреченост и без
  • Да го разбира Европскиот волонтерски сервис ***работа со ЕВС волонтери и ЕВС искуство се смета за предност;
  • Да има познавање од работа во мешани групи со лица со попреченост и без;
  • Да го владее (пишуван и разговорен) македонскиот и англискиот јазик. Познавање на албанскиот јазик се смета за предност;
  • Познавање на работата на институциите кои работат со лица со попреченост во Македонија како и претходна соработка ќе се смета за предност.

Работен ангажман: цело работно време од понеделник до петок. Понекогаш и работа преку викенд (на одредени настани).

Работен простор: извршна канцеларија на Цма Крик кој се наоѓа во Пржино.

Број координатори: 1.

Краен рок за аплицирање: 15.09.2018

Работниот ангажман започнува на: во договор со кандидатот (што е можно побрзо)

Ангажманот се склучува со времетраење од 3 месеци и можности за продолжување. По истекување на 3те месеци, договорот се продолжува за полно работно време во период од 1 година.

Доколку сте заинтересирани да аплицирате за работната позиција испратете ни кратка биографија и мотивационо писмо на infokrikcenter@gmail.com

Локација:
Скопје-Пржино
Рок за аплицирање:
15.09.2018
Како да аплицирате:
Испратете ни кратка биографија и мотивационо писмо на infokrikcenter@gmail.com

Share this:

About the Author

КРИКЦма Крик е младинска организација формирана во 2012. Целна група со која Крик работи се млади лица со типичен развој и млади лица со сензорна и ментална попреченост. Крик работи на развој на младинска работа и понуда на активности за личен и социјален развој на млади на локално и меѓународно ниво. На национално ниво, Крик е дел од одборот на Сојузот на младинска работа. Исто така сме дел од Националниот младински совет на Македонија.На меѓународно ниво работиме во склоп на програмата Еразмус +. Реализираме голем број на меѓународни активности за млади како младински размени, обуки и ЕВС програмата. Од 2014 година Крик е акредитиран за примање и праќање на ЕВС волонтери. Досега имаме примено и пратено голем број на волонтери на ЕВС. Моментално имаме волонтер од Германија кој работи во нашата организација на период од 1 год. Работиме и на стратешки партнерства на тема вклучување на маргинализирани групи во секојдневни активности.На локално ниво имаме младински програми и разни обуки, работилници, неформални дружби и забави. Од август 2015 год, канцелариите на Крик се наоѓаат во Стара Чаршија, во Безистенот. Делиме простории со кафич Shot Bar. Долниот дел е кафич кој работи после 17:00 часот,а горниот се канцеларии на Крик. Долниот дел исто така се користи за разни активности како обуки и работилници. Како организација која работи со маргинализирани групи имаме развиено база од младински работници кои имаат вештини да работат во интегрирани групи. Активностите често ги реализираме во нашите простории или директно во специјалните училишта за глуви Партение Зоогрфски, или училиштето за слепи Димитар Влахов.

View all posts by КРИК

Leave a Reply