[ПОВИК ЗА МЕНТОРИ] ИНКУБАТОР ЗА МЛАДИНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ

[ПОВИК ЗА МЕНТОРИ] ИНКУБАТОР ЗА МЛАДИНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ

Во рамки на проектот „Инкубатор за младинско организирање“, кој се спроведува во Радовиш и Пробиштип, Здружение ЛЕАД отвора повик за два менторa од овие два града.

Избраните ментори ќе имаат за задача да даваат помош и поддршка во работата на иницијативните групи, кои во периодот април – јуни ќе спроведуваат иницијативи за надминување на одреден проблем детектиран во нивнот град.

Повикот е наменет за млади луѓе од 18 до 35 години кои ги исполнуваат следниве критериуми:

  • Да живее на територијата на Радовиш или Пробиштип;
  • Искуство во имплементирање на локални иницијативи за подобрување на одреден општествен проблем;
  • Искуство во директна работа со млади луѓе и нудење поддршка во личен и социјален развој;
  • Можност да се посвети на работа со иницијативните групи и нивните активности во периодот април-јуни.

Менторскиот ангажман подразбира редовни средби со иницијативните групи, поддршка при имплементирањето на активностите и придонес кон личниот и социјален развој на членовите на групите.

Успешно спроведениот менторски ангажман предвидува финансиски надомест.

Заинтересираните, можат да аплицираат за ментори со испраќање на CV (не подолго од 2 страни) и мотивациско писмо на info@lead.org.mk, најдоцна до 23.03.2018 до 16 часот.

Со кандидатите избрани во потесен круг ќе биде остварено интервју.

Проектот „Инкубатор за младинско организирање“ има за цел да ги поттикне младите луѓе од Радовиш и Пробиштип активно да учествуваат во развојот на својата околина.

Преку тренинг-модули и локални иницијативи, проектот ќе здружи по 10 млади луѓе од општините Радовиш и Пробиштип во две иницијативни групи во секоја од општините, кои во периодот од февруари до јуни ќе се развиваат во ,,инкубаторот”. Сите активности се финансирани од Европската Унија преку проектот ,,ИПА2 Механизам за граѓанските организации” спроведен од ЕВРОТИНК, Еко-Свест, Реактор и Зенит. Овој документ е продуциран со финансиска поддршка од Европската Унија. За содржината на овој документ целосно е одговорен авторот и во никој случај не ги рефлектира ставовите на Европската Унија.
Локација:
Радовиш и Пробиштип
Рок за аплицирање:
23.03.2018
Како да аплицирате:
http://lead.org.mk/?page_id=1000

Share this:

Leave a Reply