[Повик за ментори] Формирање база на ментори на Младите можат

[Повик за ментори] Формирање база на ментори на Младите можат

Младите можат се во потрага по млади ентузијасти кои се подготвени да работат во флексибилна и динамична средина исполнета со позитивна енергија!

Дали уживаш да бидеш дел од промената? Дали ти претставува задоволство да работиш со млади луѓе и да придонесуваш кон нивниот личен развој? Ако имаш позитивен одговор на овие прашања тогаш овој повик е посветен на тебе!

Младите можат распишува повик за 5 ментори, коишто ќе бидат дел од базата на ментори на организацијата во текот на 2019та година. Работата на Младите можат се базира на принципот на врсничко и искуствено учење. Целта на креирање на базата на ментори е да обезбеди постојана поддршка, развој и поддржувачка средина за членовите и корисниците на активностите на Младите можат. Менторите ќе бидат ангажирани во текот на 2019та година во зависност од активностите на членството на Младите можат и потребата од вклучување во проектните активности на организацијата.

Што е менторство?

Менторство е процес на давање на поддршка и совети на индивидуи или групи со цел да ги осознаат начините на кој можат да го подобрат своето работење и начинот на фукнционирање.

Менторството во Младите можат не е начин за да и се наметне и каже на групата како да ја постигне целта. Менторството е градење на однос со групата и индивидуите каде што менторот ја поттикнува групата самата до дојде до решението за остварување на целта.

Менторот треба да биде целосно посветен на групата и да ги става нивните потреби пред своите.

Критериуми за ментор:

  • Да си младински работник на возраст од 18 до 30 години;
  • Да имаш минимум две години искуство во работа со млади со посебен фокус на менторирање на индивидуи и тимови;
  • Да имаш мотивација за континуиран личен и професионален развој;
  • Да размислуваш “надвор од кутијата”;
  • Да демонстрираш позитивен став кон работата и да делуваш како позитивен пример на останатите.

Што се очекува од менторот?

При менторирање на иницијатива менторот треба да ги поттикне лицата:

  • Да се стекнат со нови знаења;
  • Да добијат увид во секојдневното работење во одредената област,
  • Да можат да ги идентификуваат своите предности и слабости;
  • Да стекнат поголема самодоверба;
  • Да развијат нови вештини за работење;
  • Да ги зајакнат меѓучовечките односи во тимот

Менторите за време на менторскиот ангажман се должни:

  • Да присуствуваат на состаноците на групата;
  • Да одржуваат редовна комуникација;
  • Да одржуваат еден-на-еден состаноци доколку е потребно;
  • Да изготвуваат месечни извештаи за својата работа до Извршната канцеларија.

Прв чекор по креирање на базата на ментори на Младите можат е присуство на тренинг за градење на капацитети на менторите. Овој тренинг се состои од 3 модули на обуки, кои ќе бидат спроведени во текот на месец март. Прва активност во која ќе бидат ангажирани менторите е поддршка на учесниците на проектот “YOU(th) CAN DO IT BETTER!”. За оваа активност е предвиден симболичен паричен надомест.

Начин на аплицирање:

Повеќе информации околу начинот на менторство во Младите можат, прочитај на [Водич] за избор на ментори и менторирање на организацијата.

Доколку уште нешто сакаш да прашаш, слободно обрати ни се на info@youthcan.org.mk или на 078 31 39 31.

Локација:
Скопје
Рок за аплицирање:
Рокот за аплицирање истекува на 15.02.2019 (23.59). Во процесот на селекција, подобните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Изборот на 5 ментори кои ќе бидат дел од базата на обучувачи на Младите можат, ќе биде направен од страна на тимот на Извршната канцеларија.
Како да аплицирате:
https://docs.google.com/forms/d/1HsmuWVSY7C9H7-bWOmNyrBpzrGhFndzj2tLd2CroNXY/viewform?edit_requested=true
Други детали:
Процесот на креирање на база на ментори на Младите можат е дел од проектот “YOU(th) CAN DO IT BETTER!”, имплементиран од Младите можат, а поддржан од најголемата младиска германска фондација Schuler Helfen Leben.

Share this:

About the Author

mladitemozatМладите можат е организација креирана од младите луѓе за младите луѓе од 8 млади ентузијасти во 2009 година. За 6 години постоење организацијата брои над 700 члена. Младите МОЖАТ овозможува: простор за личен и професионален развој кај младите преку неформалното образование платформа преку која младите можат да ги реализираат своите идеи и иницијативи развој на младински активизам како алатка за општествена промена промоција на правата и слободите на младите луѓе во Македонијa.

View all posts by mladitemozat

Leave a Reply