Оглас за вработување од СМС консалтинг

Оглас за вработување од СМС консалтинг

За потребите на својот клиент, реномирана веледрогерија со повеќе од 20 години искуство на пазарот во Македонија и во регионот и застапник на повеќе познати светски брендови, СМС консалтинг објавува конкурс за ангажирање на позицијата: 1. Бренд менаџер Потребни вештини и карактеристики:  Одлични комуникациски и преговарачки вештини  Ефикасно раководење на тим од соработници  Силни аналитички вештини и искуство во истражувања  Ефективност и ефикасност во работењето  Креативност и иновативен пристап  Ефективна соработка со останатите оддели во компанијата  Способност за работа под притисок и со кратки рокови  Континуирано следење на трендовите и иновациите во секторот  Професионалност, посветеност и лојалност  Самоиницијативност и тимска работа Потребни квалификации:  ВСС (економија, менаџмент, маркетинг или друга соодветна струка)  Минимум, 3 годишно соодветно работно искуство  Професионално владеење на македонски и англиски јазик  Познавањето на некој од другите јазици кои се зборуваат во Македонија ќе се смета за предност  Користење на MS Office, internet, PowerPoint  Возачка дозвола Б категорија Компанијата нуди компетитивен пакет на плата, бонуси и возило на располагање како и можност за континуирано усовршување и напредување во рамки на истата. Се молат сите заинтересирани кандидати да достават: – Биографија (не повеќе од 4 страни) – Мотивациско писмо (не повеќе од една страна) На следната e-mail адреса: smsco.jobs@gmail.com со назнака За конкурс најдоцна до 15 јуни 2017 година.

Share this:

Leave a Reply