Оглас за прием на анкетари за спроведување на Мултииндикаторското кластерско истражување

Оглас за прием на анкетари за спроведување на Мултииндикаторското кластерско истражување

Канцеларијата на УНИЦЕФ во соработка со Државниот завод за статистика објавува оглас за прием на анкетари за спроведување на Мултииндикаторското кластерско истражување (МИКС6)

Дали сакате да бидете дел од возбудливо анкетно искуство?

Државниот завод за статистика и УНИЦЕФ заеднички го спроведуваат Мултииндикаторското кластерско истражување (МИКС). МИКС е познато глобално истражување на домаќинствата, првпат спроведено во 1995 година. Претставува огромен извор на споредливи и детални податоци за здравјето, исхраната, раниот детски развој, образованието и сиромаштијата кај децата. Истражувањето е корисна алатка во следењето на имплементацијата на националните стратегии кои целат да ја подобрат добросостојбата на децата.

Анкетарите на МИКС се суштински важни во истражувањето и играат критички важна улога во процесот на собирање податоци. Затоа, бараме ентузијастични личности кои имаат желба да учат, кои поседуваат одлични комуникациски вештини, кои ќе бидат посветени на спроведувањето квалитетно истражување и кои умеат да работат во тим.

Рок за пријавување8 септември 2018

Доколку сте заинтересирани, ве молиме пријавете се на следниот линк.

Share this:

Leave a Reply