Конкурс за координатор/ка на младинските центри „Сакам да знам”

Конкурс за координатор/ка на младинските центри „Сакам да знам”

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање на координатор/-ка  на младинските центри за сексуално и репродуктивно здравје „Сакам знам” во Скопје, за периодот јануари – декември 2019 година.

Координаторот/-ката ќе биде целосно одговорен/-на за организирање на работата на младинските пријателски центри „Сакам да знам“ во амбулантата на Водно и амбулантата во Шуто Оризари. Обврските ќе бидат поврзани со логистика за непречено нудење на директни услуги во центрите, сервисна статистика – база на податоци, набавки (медицински материјали, лекови и канцелариски материјали), подготовка на месечни извештаи и комуникација со тимови на даватели на услуги, партнерски организации, комуникација со целните групи – корисници на услугите. Ќе биде одговорен/-на да врши постојана промоција на центрите преку теренски активности, социјалните медиуми и преку соработка со граѓански организации и училишта и други установи во кои има или кои работат со млади и ранливи групи граѓани.

Најдоцна до 23 јануари 2019 година (среда) до 18.00 часот заинтересираните кандидат(к)и треба да се пријават со назнака/предмет на пораката Конкурс за координатор/–ка на младински центри „Сакам да знам” можете да ги доставите на следниов начин:

Електронски: konkurs@hera.org.mk
По пошта: ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување ул. „Франклин Рузвелт“ 51а/26, 1000 Скопје

ХЕРА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.

Повеќе информации може да најдете на следниов линк.

Share this:

Leave a Reply