Конкурс за избор за Генерален секретар во СМР

Конкурс за избор за Генерален секретар во СМР

Сојуз за младинска работа (СМР) ги повикува сите заинтересирани лица, запознаени со младинската работа, процесите во земјата поврзани со младинската работа и работата на СМР да се пријават за позицијата Генерален секретар.

 

Главни задачи на позицијата Генерален секретар:

  • Раководи со работата на Секретаријатот на СМР;
  • Го промовира, претставува и застапува СМР;
  • Ги спроведува политиките на СМР, во насока на остварување на мисијата и визијата;
  • Ги спроведува одлуките донесени од Управниот одбор и Претседателот на СМР;
  • Се координира со членовите на Управниот одбор на СМР за прашања во врска со реализација на програмата и други прашања од областа на тековното работење на СМР;
  • Ги определува работните тимови кои ќе ги подготвуваат и спроведуваат проектите и програмите на СМР и го следи нивното спроведување;
  • Се грижи за правилна употреба и планско користење на имотот и средствата на СМР;
  • Го координира процесот на прибирање на финансиски средства за СМР;
  • Комуницира со организациите членки на СМР и спроведува активности за вклучување на други организации;
  • Раководи со институционалниот развој и јакнењето на капацитетите на СМР во соработка со Управниот одбор;
  • Врши други работи во согласност со Статутот на СМР и насоките од Управниот одбор.
  • За својата работа, Генералниот секретар е одговорен пред Управниот одбор на СМР.
 

Потребни знаења и вештини на кандидатот:

Квалификации:

  • Високо образование, завршено или во тек
  • Минимум 2 години искуство во полето на младинската работа
  Лични карактеристики и вештини:
  • Лидерски вештини
  • Искуство со пишување на проектни апликации
  • Искуство со спроведување на проекти
  • Комуникациски вештини
  • Способност за работа под притисок и со куси временски рокови
  • Активно познавање на англиски јазик

Услови за работа:

Позицијата е со полно работно време (40 часа неделно), повремена работа за викенди и вклучува патување. Генералниот секретар ќе работи во просториите на Младинскиот центар КРИКНИ во Пржино, Скопје.

Периодот на ангажман на Генералниот секретар е 6 месеци, со можност за продолжување.

Месечниот надомест изнесува 30,000 денари (бруто).

Рок и начин на пријавување:

  • Кратка биографија на кандидатот;
  • Мотивациско писмо на кандидатот.

Пријавите треба да се испратат на електронската адреса на СМР: smr.sojuz@gmail.comнајдоцна до 14 декември, 23:59 часот со назнака: Пријава за генерален секретар. Процесот на селекција ќе биде комплетиран до крајот на декември, а се очекува избраното лице да започне со работа во јануари.

За сите прашања во врска со овој повик обратете се на smr.sojuz@gmail.com

Share this:

Leave a Reply