Отворен повик за доделување на мали грантови

Отворен повик за доделување на мали грантови

Мрежата за социјално зајакнување на млади во ризик (ARYSEN – At Risk Youth Social Empowerment Network) со поддшка од Европската унија објавува:

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА МАЛИ ГРАНТОВИ

Целта на отворениот повик е да придонесе за подобрување на социјалната инклузија на децата и младите во ризик во Македонија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Косово преку зајакнување на улогата на граѓанските организации (ГО) во обезведувањето на услуги и унапредувањето на локалните и националните политики и практики, или поспецифично за:

  • Зајакнување на капацитетите на релевантните чинители и на ГО за работа со деца и млади во ризик, пред сѐ деца и млади кои употребуваат дроги, кои се во конфликт со законите, кои доаѓаат од семејства кои употребуваат дроги или имаат конфликт со законите, кои се без родителска грижа, деца и млади на улица, како и деца и млади Роми;
  • Воспоставување, одржување, проширување или подобрување на услугите достапни за децата и младите во ризик поврзани со социјална заштита и инклузија, образование, вработување, здравствена зашита, безбедност, еднаквост, почитување на права и пристап до правда;
  • Подобрување на пристапот до податоци и унапредување на свеста, политиките и практиките за социјално вклучување на децата и младите во ризик на локално или национално ниво.

Преку отворениот повик ќе бидат доделени вкупно 210.000 евра, односно 35.000 евра во секоја од земјите во регионот.

Здружението ХОПС –Опции за здрав живот Скопје го координира доделувањето на грантови за апликациите кои се однесуваат на Македонија и ќе го надгледува спроведувањето на проектите за кои ќе бидат доделени средства.

Максималната сума за која може да се аплицира изнесува  10.000 евра и не треба да надмине 90% од вкупните трошоци за спроведување на проектите кои би траеле од 4 до 7 месеци.

Крајниот рок за поднесување на апликации е 22 октомври 2018 година, 23:59ч. (со напомена дека приемот „на рака“ во канцеларијата на ХОПС може да се изврши до 14:00ч.).

Повеќе информации за условите, начинот на аплицирање и целокупната потребна документација се достапни во ВОДИЧОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ.

Основниот пакет за аплицирање се состои од:

Сите потребни документи се достапни за презмање и од веб страницата на ХОПС.

Прашањата адресирајте ги на macedonia@youtharyse.me.

Share this:

Leave a Reply