Обука за општествена одговорност и социјално претприемништво

Обука за општествена одговорност и социјално претприемништво

Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид со поддршка на Агенција за поддршка на претприемништво на Република Македонија со големо задоволство го објавува повикот за учесници на обука за општествена одговорност и промоција на социјалното претприемништво која ќе се одржи на ден:

11.09.2018 година (вторник) во сала на Совет на општина Центар, во период од 09.00 до 17.00 часот, 12.09.2018 година (среда) во сала на Совет на општина Тетово, во период од 09.00 до 17.00 часот и 13.09.2018 година (четврток) во сала во Дом на АРМ во Општина Струмица, во период од 09.00 до 17.00 часот   Целта на оваа обука е да се соберaт успешни локални претприемачи и нивните тимови кои ќе придонесат за подигање на свеста за спроведување на општествено одговорни практики и покажување на интерес за подобро функционирање во насока на општествената одговорност, како и промоција на концептот за социјално претприемништво во претпријатијата.   Обуките се во насока на зајакнување на релевантните чинители (претприемачи) во создавањето, спроведувањето и следење на програмите за подигање на свеста за спроведување на општествено одговорни практики и покажување на интерес за подобро функционирање во насока на општествената одговорност, како и промоција на концептот за социјално претприемништво со посебен фокус на градење на партнерства, вмрежување и соработка.   Секој учесник ќе добие сертификат за посетената обука.   Ве покануваме да аплицирате и да ја препратите оваа покана до оние кои сметате дека се заинтересирани да присуствуваат.   Рокот за пријавување на учесници е до 09.09.2018 година (недела). Лице за контакт: Соња Николовска (тел. 078 383 508, sonja@oi.org.mk)

Share this:

Leave a Reply