[Јавна дискусија] – Ќе те пратам кај психологот!

[Јавна дискусија] – Ќе те пратам кај психологот!

➡Кец, неоправдан, расправија? “Оди кај психологот❗” ➡“Викни ги родителите или ќе те пратам кај психологот❗” ➡“Сите предизвици можат да се надминат. Зошто не отидеш да поразговараш со психологот?”👩‍🏫😊

Знаете ли дека 32,9% од средношколците од Скопје, го посетиле/биле пратени кај училишниот психолог заради недисциплинираност, а 15% заради голем број на изостаноци 😟😟😟

Младите можат сака да поттикне дискусија за улогата на училишните психолози во негување на менталното здравје кај младите во образовниот процес.

[Ќе те пратам кај психологот! – Казна, закана или поддршка] –

📅19.12.2019 🕔19.00 часот

📌Млади хаб.

Дискусијата ќе ја базираме на три аспекти и перспективи и тоа од страна на училишен психолог, средношколец и младински работник.👩‍💼🧍🙋‍♀️

За време на настанот ќе се запознаеш со наодите од истражувањето за перцепциите на средношколците поврзани со менталното здравје како и со резултатите од програмата за врсничка едукација за менталното здравје “YOU(th) CAN DO IT BETTER!” реализирана од Младите можат во 2019 година.📊📉

Настанот е отворен за средношколци, наставници, родители, стручни лица во областа и сите кои имаат интерес за темата.

Локација:
Млади хаб, канцеларија на Претседателот - https://www.facebook.com/MladiHub-100807091278241/?ref=br_rs
Како да аплицирате:
Најави го своето присуство на следниот линк - shorturl.at/CFUV8

Share this:

About the Author

mladitemozat

mladitemozatМладите можат е организација креирана од младите луѓе за младите луѓе од 8 млади ентузијасти во 2009 година. За 6 години постоење организацијата брои над 700 члена. Младите МОЖАТ овозможува: простор за личен и професионален развој кај младите преку неформалното образование платформа преку која младите можат да ги реализираат своите идеи и иницијативи развој на младински активизам како алатка за општествена промена промоција на правата и слободите на младите луѓе во Македонијa.

View all posts by mladitemozat

Leave a Reply