Билтен за активностите на проектот PYLE

Билтен за активностите на проектот PYLE

Автономно вработување, трансформативно и еманципаторно учење се социолошки поими кои во Македонија и регионот не се многу обработувани, а потребни за развој на локалната заедница. За таа цел, Центар за младински активизам Цма Крик се здружи заедно со Завод Боб од Словенија и Волонтерски центар Истра од Македонија и изминатите 2 години работеа заедно на проектни активности со цел обработување на поимите и практична работа на програма на ментори кои понатака би работеле на прашањето.

Проектните активности се случуваа во период од септември 2017 до декември 2019 година. Активностите се случуваа во сите 3 држави од каде доаѓаат проектните партнери. Проектот е финансиски поддржан од Националната агенција од Словенија како дел од програмата Ерасмус +, клучна акција 2 Стратешко партнерство од.

На Следниот линк можете да прочитате повеќе информации за проектните активности и резултатите. Финалниот настан во Скопје се реализираше во месец септември 2019.

Локација:
Скопје

Share this:

About the Author

КРИКЦма Крик е младинска организација формирана во 2012. Целна група со која Крик работи се млади лица со типичен развој и млади лица со сензорна и ментална попреченост. Крик работи на развој на младинска работа и понуда на активности за личен и социјален развој на млади на локално и меѓународно ниво. На национално ниво, Крик е дел од одборот на Сојузот на младинска работа. Исто така сме дел од Националниот младински совет на Македонија.На меѓународно ниво работиме во склоп на програмата Еразмус +. Реализираме голем број на меѓународни активности за млади како младински размени, обуки и ЕВС програмата. Од 2014 година Крик е акредитиран за примање и праќање на ЕВС волонтери. Досега имаме примено и пратено голем број на волонтери на ЕВС. Моментално имаме волонтер од Германија кој работи во нашата организација на период од 1 год. Работиме и на стратешки партнерства на тема вклучување на маргинализирани групи во секојдневни активности.На локално ниво имаме младински програми и разни обуки, работилници, неформални дружби и забави. Од август 2015 год, канцелариите на Крик се наоѓаат во Стара Чаршија, во Безистенот. Делиме простории со кафич Shot Bar. Долниот дел е кафич кој работи после 17:00 часот,а горниот се канцеларии на Крик. Долниот дел исто така се користи за разни активности како обуки и работилници. Како организација која работи со маргинализирани групи имаме развиено база од младински работници кои имаат вештини да работат во интегрирани групи. Активностите често ги реализираме во нашите простории или директно во специјалните училишта за глуви Партение Зоогрфски, или училиштето за слепи Димитар Влахов.

View all posts by КРИК

Leave a Reply