Зошто се вратив?

Зошто се вратив?

Постојано слушаме приказни за наши другари/ки, роднини, комшии, познаници кои си го спакувале животот тука во потрага по подобар некаде во странство. Но колку пати сте ја слушнале другата страна?

“Зошто се вратив?” е концепт што ќе ве запознае со млади говорници кои се вратиле од странство и направиле некоја промена во нашето општество. Ова се нивните приказни за животот во странство, граѓанскиот активизам и одговорноста да бидеме носители на позитивни промени. Не ви откриваме повеќе, дојдете и слушнете ги, дискутирајте и инспирирајте се!

Воедно ќе имате и можност да ги слушнете и презентациите на средношколците од СМУГС Д-р “Панче Караѓозов” кои во последниве два месеци развиваа иницијативи за да го подобрат квалитетот на животот во нивната заедница.

Ве очекуваме на 23 мај (четврток), со почеток во 18:00 часот, во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Центарот за конференции и студии во Скопје.

Оваа активност е дел од “Youth Engagement: Unlocked!” спроведувана од Linking, Engagement, Advocacy and Development – LEAD стипендистката Сашка Стефановска, финансиски поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Повеќе информации за настанот и агендата можете да пронајдете на следниот линк.

Share this:

Leave a Reply