Запознај го УКИМ

Запознај го УКИМ

Матуранти, се уште немате донесено одлука каде ќе го продолжите своето Високо образование, или можеби се мислите помеѓу неколку факултети?

„Запознај го УКИМ“ е настан од информативен карактер кој цели да ги запознае матурантите малку повеќе со можностите за студирање кои ги нудат факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Матурантите ќе имаат можност одблиску да се запознаат со факултетите на УКИМ и притоа да имаат непосреден контакт со професори и студенти од факултетите и можност да добијат одговор на секакви прашања поврзани со студирањето на истите, се со цел донесување на полесна одлука за Високото образование, како и својот понатамошниот кариерен пат.

Настанот ќе се одржува овој викенд, на 31.03 и 01.04 во големиот амфитеатар на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и е поддржан од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Повеќе информации околу иницијативата и целосната агенда може да се погледне на facebook страната „Запознај го УКИМ“ (https://www.facebook.com/ZapoznajGoUKIM/) и истоимениот facebook настан.

Присуството на настанот пожелно е да се најави тука.

Настанот е организиран во рамките на волонтерската програма „Make a change: Be a volunteer vol.5“ имплементиран од Младите Можат, а поддржан од Фондацијата Schüler Helfen Leben, Добра вода, Ладна, Виталиа, Винчини, Жито Лукс, Fresh Corner и Винсент Графика.

„Младите можат” е граѓанска организација чија цел е да ги поттикне младите луѓе да бидат активни граѓани. Постоиме 8 години, броиме 650 членови, исполнувајќи ја целта за создавање на решителни, способни, независни и активни млади.

Share this:

Leave a Reply