Tрибината „Младите бараат она што им следува – пристап до услуги за сексуално и репродуктивно здравје“

Tрибината „Младите бараат она што им следува – пристап до услуги за сексуално и репродуктивно здравје“

По повод 26 септември – Меѓународниот ден на контрацепција, Х.Е.Р.А. Млади ја организира трибината „Младите бараат она што им следува – пристап до услуги за сексуално и репродуктивно здравје“. 
 
Трибината ќе се одржи на 26 септември (вторник) во хотел „Холидеј ин“ – Скопје од 11.00 до 14.00 часот. 
 
Целта на трибината е да се промовира видеото „Младите бараат она што им следува – пристап до услуги за сексуално и репродуктивно здравје“ и преку дискусија со претставници на надлежни институции и донесувачи на одлуки повторно да се отвори прашањето за олеснување на пристапот до модерна контрацепција во Република Македонија.
Подолу можете да ја погледнете агдендата за настанот.
_______________________________________________________________________________________
А Г Е Н Д А Датум и место: 26.09.2017 (четврток), хотел „Холидеј ин“ Модератор: Виктор Дамјановски 10.30 – 11.00 Пристигнување и регистрација на гости 11.00 – 11.10 Отворање на настанот и презентација на кампањата (видео) 11.10 – 12.30 Панел-дискусија Говорници  Љупка Трајановска, претставничка на Х.Е.Р.А. Млади  Бојан Јовановски, извршен директор на Х.Е.Р.А.  Д-р Глигор Тофовски, специјалист гинеколог-акушер  Дона Костуранова, извршен директор на Младинскиот образовен форум (МОФ)  Јана Јакимовска, професорка на Академијата за ликовна уметност, активистка и уметница  Д-р Гоце Чакаровски, Заменик-министер за здравство, Министерство за здравство на Република Македонија  Д-р Ана Петрова, советничка на директорот на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија  Миле Сугарев, советник на директорот на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија  Јагода Шахпаска, пратеничка во Собранието на Република Македонија 12.30 – 13.00 Отворена дискусија 13.00 – 14.00 Коктел

Share this:

Leave a Reply