Together, to get there! – Настан за вмрежување

Together, to get there! – Настан за вмрежување

Together, to get there е настан кој што го организира Центар за младински активизам Крик во рамки на Интернационална недела на граѓанско општество.

Започнуваме во 13:00ч на 20ти март во Umbrella Cafe!

Настанот Together, to get there! има за цел да создаде атмосфера на вмрежување помеѓу младински организации, дневни центри за лица со попреченост и специјални и инклузивни школи од цела Македонија. Целта на настанот е дневните центри за лица со попреченост, специјалните и инклузивните школи и младинските организации кои работат во истиот регион да се запознаат со активностите кои ги спроведуваат и да се обезбеди база за соработка.

Настанот е дел од серија настани кои што се одржуваат на глобално ниво, а централниот настан во овој регион ќе се одржи од 8ми до 12ти април во Белград. Доколку припаѓате на една од наведените категории и сакате да учествувате на настанот, ве молиме пополнете ја оваа пријава за учество: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeCAOqTj92SSz6_5_RQ_tZHiDfFGWeQ5EF5525BYw5pGZ9iNA/viewform

По пополнувањето, нашиот тим ќе ве контактира за дополнителни информации.

За учесниците што доаѓаат од населените места надвор од Скопје, патните трошоци ќе бидат надоместени.

Доколку имате прашања, ве очекуваме на infokrikcenter@gmail.com

Ве очекуваме на дружење и вмрежување за подобар младински и граѓански сектор!

Младински поздрав!

Локација:
Umbrella Cafe
Рок за аплицирање:
12ти март

Share this:

About the Author

КРИКЦма Крик е младинска организација формирана во 2012. Целна група со која Крик работи се млади лица со типичен развој и млади лица со сензорна и ментална попреченост. Крик работи на развој на младинска работа и понуда на активности за личен и социјален развој на млади на локално и меѓународно ниво. На национално ниво, Крик е дел од одборот на Сојузот на младинска работа. Исто така сме дел од Националниот младински совет на Македонија.На меѓународно ниво работиме во склоп на програмата Еразмус +. Реализираме голем број на меѓународни активности за млади како младински размени, обуки и ЕВС програмата. Од 2014 година Крик е акредитиран за примање и праќање на ЕВС волонтери. Досега имаме примено и пратено голем број на волонтери на ЕВС. Моментално имаме волонтер од Германија кој работи во нашата организација на период од 1 год. Работиме и на стратешки партнерства на тема вклучување на маргинализирани групи во секојдневни активности.На локално ниво имаме младински програми и разни обуки, работилници, неформални дружби и забави. Од август 2015 год, канцелариите на Крик се наоѓаат во Стара Чаршија, во Безистенот. Делиме простории со кафич Shot Bar. Долниот дел е кафич кој работи после 17:00 часот,а горниот се канцеларии на Крик. Долниот дел исто така се користи за разни активности како обуки и работилници. Како организација која работи со маргинализирани групи имаме развиено база од младински работници кои имаат вештини да работат во интегрирани групи. Активностите често ги реализираме во нашите простории или директно во специјалните училишта за глуви Партение Зоогрфски, или училиштето за слепи Димитар Влахов.

View all posts by КРИК

Leave a Reply