Средба со невладини организации за презентација на повикот за апликации за волонтери од Мировен корпус

Средба со невладини организации за презентација на повикот за апликации за волонтери од Мировен корпус

Мировен корпус е организација која преку своите волонтери повеќе од 20 години работи во земјава ги реализира своите програми за Унапредување на наставата по англиски јазик и Развој на заедницата. Програмите се реализираат во соработка со Министерство за образование и наука, Министерство за локална самоуправа, Министерство за труд и социјална политика и мрежа од локални партнери.

Оваа година, како дел од оваа програма, Мировен корпус планира да организира промотивнa средба за директорите, наставници по англиски јазик во училишта, претставници од невладин сектор и дневни центри. Целта на средбата е да го промовираме новиот повик за апликации за 2019г.

Настанот ќе се одржи на 14ти март во Дом на АРМ, Општина Струмица од 11:30-13:00 часот.

За дополнителни прашања за настанот, ве молиме да ни се обратите на 070 385 642 или ngeorgieva@peacecorps.gov.

Share this:

Leave a Reply