Социјална промена: потенцијални пристапи

Социјална промена: потенцијални пристапи

Young Friends of the Earth Macedonia започнува!

Ве покануваме на нашата прва работилницата која е инспирирана од идејата за поттикнување на вредности на еднаквост и интеркултурализам меѓу младите луѓе во Македонија. Целта е да ја направиме поврзаноста помеѓу навидум неповрзаните општествени проблеми и да дискутираме за интерсекционалноста како мултидисциплинарен пристап кон социјална промена. На оваа работилница ќе се запознaете со алатки од „популарно образование“, ќе дознаете повеќе за еколошка правда, интерсекционализам и секако ќе се запознаете со македонскиот дел од мрежата на YFoE.

За кого е наменета работилицата?

Работилницата е наменета за вас доколку сте млади ентузијасти од 15-30 години и:

  • Дејствувате во сферата за зачувување на човековите права, на животната средина, на социо-економската праведност
  • Работите со млади инспиративни групи, се залагате за рамноправни права на маргинализираните заедници
  • Или пак волонтирате и/или имате интерес за овие мултидисциплинарни теми

*** Бројот на учесници е ограничен! Затоа пополнете ја апликацијата за учество, најдоцна до 12-ти октомври ***

Напомена: Young Friends of the Earth Europe ги покрива патните трошоци за учесници кои не доаѓаат од град Скопје, затоа ги охрабруваме и младите ширум Македонија да се пријават за учество!

Повеќе детали за настанот може да најдете на fb настанот, или контактирајте не на: yfoemacedonia@gmail.com или на 078 243 723

Share this:

Leave a Reply