СИМПОЗИУМ ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ ЗА ИДНИНАТА ОД ПЕРСПЕКТИВА НА ТРУДОТ

СИМПОЗИУМ ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ ЗА ИДНИНАТА ОД ПЕРСПЕКТИВА НА ТРУДОТ

Прекаријатното во капиталистичката култура – Дали да продолжиме да живееме вака?

СИМПОЗИУМ ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ ЗА ИДНИНАТА ОД ПЕРСПЕКТИВА НА ТРУДОТ

Локација: Кино Култура, Скопје, 29-30 ноември, 2019 година

Организиран од Факултет за работи што не се учат (ФР~У) – Северна Македонија, во партнерство со Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата и Роза Луксембург Штифтунг Југоисточна Европа

Курирано од Ивана Васева

Говорници: Антонија Алампи, Кристина Ампева, Корина Л. Апостол, Ѓорѓе Балмазовиќ, Карла Црнчевиќ, Илијана Фокијанаки, Владан Јеремиќ, Филип Јовановски, Виолета Качакова, Биљана Тануровска–Ќулавковски, Крунослав Стојаковиќ, Тара Рукеци, Бојана Пишкур, Тјаша Пуребер, Кире Василев

Кога станува збор за работничките права, културните работници се во особено очајна ситуација, бидејќи нивната работа често не се разгледува како труд и не се валоризира како таква. Експлоатацијата и маргинализацијата на културната работа, како и генералниот недостаток на разбирање за еманципаторскиот потенцијал на уметноста и културата, се ретко разгледувани прашања за кои има потреба од систематска промена. Неолибералните сурови мерки на шетедење, кои се практикуваат со декади, ги туркаат уметниците и културните работници во краткорочни договори или фриленсерски односи. Најчесто неплатени, тие не заработуваат дури ни за основнa плата (living wage) и повеќето од нив живеат во периоди на должење и сиромаштија.

Нееднакви и прекаријатни услови на труд се очигледни и во други сектори во Северна Македонија, но и во регионот. Во транзицијата кон постсоцијализмот, големите југословенски фабрики се распаднаа на стотици приватни компании кои го искористија евтиниот труд во трката за профит и во силно ривалство со нивните конкуренти. Непредизвиканиот неолиберален дискурс пенетрираше во општеството и односите на трудот се променија, синдикалните активности се потиснаа и трудовата легислатива се неутрализираше. Сево ова доведе до занемарување на работничките права и основната плата (living wage). На државните институции им недостасуваат систематски процедури и политички одлуки кои ќе ја поттикнат еманципаторската култура и ќе ги подобрат работничките права на прекаријатните културни работници и работниците воопшто.

Како прекаријатните културни работници можат да се организираат во борбата за подобри работни услови во овој контекст? Каков вид на уметничка и културна продукција може да ја поддржи борбата за работнички права и може да ги направи еманципаторските социјални движења посилни во иднина?

Симпозиумот обединува повеќе луѓе од регионот и од Европа со институционална, невладина и вонинституционална позадина во областа на културата и уметноста, како и луѓе кои се дел од социјални движења и активисти за работнички права, за да разменат искуства, да разговараат за постоечките модели и да споделат стратегии за организација на трудот во културата и уметноста.  Започнувајќи од анализата на прекаријатните и на фриленсерските работни односи во културата и, воопшто, секаде, симпозиумот ќе разгледува можни нови односи во културната продукција надвор од неолибералните, конзервативни и етнонационалистички парадигми. Во овој дел, уметничкиот и културниот контекст има потреба од силен придонес од еманципаторските сили во општеството. Затоа, ќе бидат презентирани примери на еманципаторски практики во културата, во контекстот на борбата за трудот, потоа ќе се разговара за функцијата и капацитетите на јавните институции и ресурси, а ќе се обрне внимание и на можностите за транснационална организација во борбата за работничките права.

Share this:

Leave a Reply