Што вклУЧИ промената?

Што вклУЧИ промената?

Каква промена направија средношколците од трите средни училишта од Скопје кои се вклучија во проектот „Вклучи се за промена!“? Што научија од целиот проект и на кој начин истиот влијаеше на нивниот личен развој? Кое е влијанието на процесот на учење преку придонес кон заедницата, врз формалното образование?

По успешно спроведените три иницијативи од страна на 30 средношколци, среќни сме да ги споделиме со вас резултатите и научените лекции од целиот проект.

За таа цел, ве покануваме да присуствувате на завршниот настан од проектот „Вклучи се за промена!“, кој ќе се одржи на 08.07.2019, со почеток од 19 часот во Кафе бар „Central Park“, во самиот Градски Парк, близу Зоолошка градина.

На настанот, ќе имате можност да ги слушнете искуствата на средношколците кои во изминатите три месеца спроведоа иницијативи преку кои учеа, но и придонесоа за својата заедница и за своето училиште. Дополнително, ќе ги слушнете искуствата и препораките на наставниците од трите средни училишта, кои дадоа свој значителен придонес кон успешна реализација на иницијативите и ќе имате можност да продискутирате за влијанието на ваквите иницијативи врз средношколците и врз самиот формално-образовен систем.

Агенда за настанот:

  • 18.30 – 19.00 Регистрација на учесници;
  • 19.00 – 19.15 Поздравни обраќања од претставници на ЛЕАД и на Агенција за млади и спорт;
  • 19.15 – 20.00 Претставување на трите иницијативи спроведени од средношколците, прашања и дискусија;
  • 20.00 – 20.20 Панел дискусија „Искуствено учење во формално-образовниот процес: Какви се придобивките за учениците?“;
  • 20.20 – 20.30 Прогласување на најдобра иницијатива;
  • 20.30 – 21.00 Коктел и вмрежување.

Би ни било задоволство доколку присуствувате на настанот и дадете своја поддршка на средношколците кои се мотивирани да направат промена во својата заедница!

Проектот „Вклучи се за промена!“ се спроведува од страна на Здружение Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD) со поддршка од Агенцијата за млади и спорт на Македонија.

Локација:
Кафе бар Central Park, Скопје
Како да аплицирате:
https://www.facebook.com/events/421030178626664/

Share this:

Leave a Reply