Работилница: Трипати кажи Р за Редуцирање, Реупотреба и Рециклирање!

Работилница: Трипати кажи Р за Редуцирање, Реупотреба и Рециклирање!

Креативна работилница во која ќе зборуваме за еден поинаков пристап кон развивање на еколошката свест.

Работилницата ќе се одржи во СОУ Наум Наумовски – Борче, Пробиштип, на 27 март (среда) со почеток во 12:00 часот.

Дојдете да се запознаеме со поимот 3Р, од каде потекнува, што значи и колку вреди. Дојдете да погледнеме неколку филмови кои се создадени да ја разбудат свеста за заштитата на животната средина во која живееме. Дојдете за да го кажете своето мислење и да бидете слушнати, да размениме искуства, идеи, предизвици. Дојдете да покажеме дека има некој кој всушност се грижи за животната средина во која живееме. Дојдете за да покажеме дека и малите чекори значат многу. Дојдете за да покажеме дека сме спремни да се промениме себеси за да го промениме светот.

И најпосле, но не и помалку важно, дојдете да се дружиме!

Работилницата е наменета за средношколци, кои се од или учат во Пробиштип и млади (до 30 години). Но доколку имате голема желба да присуствувате и се пронаоѓате или сакате да знаете повеќе околу темава, слободно пријавете се, ќе ни биде чест и задоволство да присуствувате.

Пријавување на: m.jacevska@gmail.com, со Subject: Трипати кажи Р

Пријавување до 25 март, 2019.

Агенда:
  • 12:00 – 12:15 Регистрација на учесници
  • 12:15 – 12:30 Вовед: Што е активноста “3Р – Редуцирај, реупотреби, рециклирај“?
  • 12:30 – 14:00 Сесија 1: Екологијата низ призма од краткометражни филмови
  • 14:00 – 14:15 Кафе пауза
  • 14:15 – 14:35 Сесија 2: Запознавање со концептот „3Р“
  • 14:35 – 15:15 Дискусија: Моменталните еколошки проблеми и развивање на можни решенија
  • 15:15 – 15:30 Заклучоци

Оваа активност е дел од “3R–Reduce, Recycle, Reuse”, спроведувана од Linking, Engagement, Advocacy and Development—LEAD стипендистката Мартина Јачевска, финансиски поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Share this:

Leave a Reply