Првиот Симпозиум за образование организиран од БЕСТ Скопје

Првиот Симпозиум за образование организиран од БЕСТ Скопје

Прошири го твоето знаење, искажи го твоето мислење и дискутирај на актуелни теми поврзани со СТЕМ образобанието. Одлучи се за продуктивно лето заедно со БЕСТ Скопје. Борд на Европски Студенти по Технологија – БЕСТ Скопје е интернационална, непрофитна, студенска организација која константно помага во развиваето на студентите преку академски курсеви,  инженерски натпревари, тренинзи и културни размени.

Еден ваков настан е и овогодинешниот Симпозиум за образование кој ова лето ќе се одржи од 14 до 22 јули во Скопје. На овој настан триесетина странски и домашни студенти ќе ја имаат можноста да ги идинтификуваат и дискутираат тековните проблеми поврзани со расниот и етничкиот диверзитет во СТЕМ образованието, а воедно и да го споделат нивното мислење и да стигнат до иновативни решенија. Работилниците и сесиите ги подготвува интернационален тим на студенти во соработка со професори и експерти од различни полиња, а нивниот исход се испраќа на меѓународни конференции за образование.

Но покрај едукативниот дел од овој настан, се фокусираме и на културниот. Преку бројни дневни и вечерни активности во Скопје, учесниците ќе имаат шанса да ја споделат нивната култура и традиција, воедно и да се запознаат со нашита.  Покрај ова организираме викенд патувањето во Охрид на кое учесниците со веќе стекнатите познанства ќе создадат многу повеќе незаборавни летни спомени.

Доколку студираш на УКИМ, си критички настроен, иновативен и имаш желбада поминеш незаборавни 8 денови со студенти од цела Европа, аплицирај на следниот линк: https://urlzs.com/AvX7F  до 30 јуни. За повеќе информации посестете ја официјалната страна на симпозиумот: http://bse19.best.org.mk

Share this:

Leave a Reply