Прва Македонска crowdfunding конференција

Прва Македонска crowdfunding конференција

Имаш идеја за проект? Мислиш дека конкуренцијата е толку голема, што не се ни обидуваш да го напишеш? Има и друг начин! Во светот постојат 7 милијарди донатори кои можат да го поддржат твојот проект. Како? Преку групно финансирање (crowdfunding). Прва Македонска crowdfunding конференција 11 март, 11:00 часот Хотел Континентал Здружение Лидери за едукација, активизам и развој ве кани на првата crowdfunding конференција во Македонија. Конференцијата има за цел да ве запознае со концептот на crowdfunding, како алтернативен начин на финансирање на проекти и идеи, како и да понуди вештини за спроведување на crowdfunding кампањи. Конференцијата се состои од три дела и тоа: Во првиот дел од конференцијата, посетителите ќе имаат можност да слушнат говори на успешни луѓе од земјата и регионот кои ќе ги споделат своите искуства во спроведување на ваков вид на кампањи. На конференцијата ќе имате можност да случнете излагања на: – Ивана Крстевска, еден од основачите на Final Frontier Games, компанија за креирање на друштвени игри, која во 2016 ја спроведе најуспешната crowdfunding кампања од Македонија. – Лука Пишкорич, основач на Полигон- креативен центар од Словенија. Исто така дел од тимот на иницијативата Slovenia Crowdfunding која го држи рекордот на собрани финансиски средства преку crowdfunding во Словенија. – Марко Греговиќ, основач на Бродото- агенција за социјален импакт, специјализирана за кампањи, дизајн и медија, воедно и организатори на годишната Zagreb Crowdfunding Convention. – Сем Вакнин, економски аналитичар и коментатор, поранешен брокер, инвеститор, банкар и финансиски советник на влади и корпорации низ светот Вториот дел е наменет за четири едночасовни работилници на темата. Учесниците на конференцијата ќе имаат можност да дознаат повеќе за концептот на crowdfunding и начините за спроведување на успешни crowdfunding кампањи, преку учество на една од четирите работилници, спроведувани од нашите гости-спикери. Третиот дел од конференцијата е наменет за претставување на петте идеи за crowdfunding кампањи, избрани на отворен повик. Избраните тимови ќе ги претстават своите идеи за кои подоцна ќе добијат можност да ги развијат преку обуки спроведени во рамки на проектот. Дополнително, на конференцијата ќе биде презентиран и првиот Македонски прирачник за спроведување на crowdfunding кампањи. Во прилог ви ја доставуваме и агендата за конференцијата: 10.45-11.00 – Регистрација на присутни 11:00-11:20 – Поздравно обраќање 11:20-11:35 – Презентирање на водичот за спроведување на Crowdfunding кампањи 11:35-12:05 – Излагање на првиот гостин-говорник 12:05-12:35 – Излагање на вториот гостин-говорник 12:35-13:05 – Излагање на третиот гостин-говорник 13:05-13:30 – КАФЕ ПАУЗА 13:30-14:05 – Излагање на четвртиот гостин-говорник 14:05-15:05 – Спроведување на четири работилници 15:05-16:20 – Презентација на петте избрани идеи за crowdfunding кампањи 16.20-16.30 – Затворање на конференцијата 16.30-17.30 – Коктел и нетворкинг Конференцијата е организирана во рамки на проектот „Одржливост преку алнтернативни начини на финасирање“, имплементиран од Здружение Лидери за едукација, активизам и развој, во партнерство со Final Frontier Games, а во рамки на проектот на Фондација Метаморфозис „Отчетност преку граѓански ангажман“ поддржан од Британската амбасада во Скопје.
Локација:
Хотел Континентал
Други детали:
https://www.facebook.com/events/1385382041519055/

Share this:

Leave a Reply