Проекција на филм: “Battle of the Sexes”

Проекција на филм: “Battle of the Sexes”

Здружението за унапредување на меѓусебна доверба ТАКТ на 6ти март, среда,  со почеток во 19 часот во кино Фросина, МКЦ ве поканува на бесплатна проекција на филмот ,,Војна на половите” кој ја прикажува маестралната победа на тениската легенда Billie Jean King против Bobby Riggs. Филмот наиде на одлична филмска критика, а главните улоги ги толкуваат Emma Stone и Steve Carrel. По проекцијата на филмот ќе следи презентација на граѓански и спортски организации кои работат на полето на родовата еднаквост, со маргинализирани групи на лица како и други забавно-едукативни активности.

*филмот е рангиран трета категорија, не се препорачува за деца под 12години,за чие следење е неопходен надзор од родител или старател

 

Агенда:

  • 19.00-21.00 Проекција на филм ,,Војна на половите”
  • 21.00-22.00 Коктел и саем на граѓански организации
 

Настанот е поддржан од амбасадата на САД во Р. Северна Македонија и е во знак на одбележување на Меѓународниот ден на жената-8ми Март.

Share this:

Leave a Reply