Повик за учество на викенд-обука од областа на сеопфатното сексуално образование

Повик за учество на викенд-обука од областа на сеопфатното сексуално образование

Во рамки на својата програма за неформално сеопфатно сексуално образование (ССО), ХЕРА објавува повик за учество на обука од областа на ССО.

Обуката опфаќа:

  • Дводневна работилница за запознавање со седумте компоненти на ССО: род, сексуално и репродуктивно здравје, граѓански аспекти, задоволство, насилство, врски и односи и различност. 
  • Обуката ви носи и можност по нејзиното поминување да станете дел од тимот на волонтери ХЕРАМлади.

Обуката ќе се одржи на 9 и 10 февруари 2019 година во Скопје во младинскиот центар „Сакам да знам“ – Водно од 9 до 16 часот. Учесниците кои ќе ја поминат, ќе добијат сертификат.

Обуката е бесплатна: сите трошоци, освен за пат и сместување, ќе бидат покриени од страна на ХЕРА.

Ги покануваме да се пријават сите млади кои:

  • се на возраст од 16 до 22 години,
  • сакаат да добијат информации од полето на сексуалното и репродуктивно здравје и права,
  • се мотивирани да бидат волонтери во ХЕРА,
  • сакаат да работат во тим и знаат да исполнуваат задачи навреме.

Најдоцна до 7 февруари 2019 година заинтересираните треба да испратат:

  • Пополнета пријава за присуство на врсничката едукација

Бројот на учесници е ограничен. Ве молиме да наведете и телефон и е-адреса за контакт.

Документите со назнака на пораката повик за обука од областа на ССО можете да ги доставите на seksualnoobrazovanie@hera.org.mk

Share this:

Leave a Reply