Повик за учество на работилница во рамки на  проектот UPFRONT

Повик за учество на работилница во рамки на проектот UPFRONT

Проeктот “UPFRONT“, кој има за цел да ги едуцира младите како да препознаат родова нееднаквост и социјална деградација на жените и девојките, потребата да се преземе одговорност и акција против насилството врз жените и девојките и да се идентификуваат изворите достапни за решавање на овие прашања. За таа цел се организира  еднодневна работилница на тема: „Сексуално вознемирување“.

Под сексуално вознемирување се подразбира секој вид на несакано однесување од сексуален карактер и може да се случува во сите сфери на општественото живеење, но често може да биде нејасна границата меѓу шегување, флертување и сексуално вознемирување.

Затоа, доколку сте  на возраст од 16 до 25 години, имате желба и сте мотивирани да ја разберете оваа состојба, а со тоа и начините како може конструктивно да се справите со сексуалното вознемирување, ве поттикнуваме да се пријавите на следнава апликација.

Работилницата ќе се одржи на 23 Мај 2018 година од 16:00 до 20:00 часот во Канцеларијата за млади на Општина Центар.

На работилницата ќе дознаете повеќе за:

-Што е сексуалното вознемирување?; -Препознавање на форми на сексуално вознемирување; -Начини на конструктивно справување со сексуално вознемирување ; -Активизмот и сексуалното вознемирување (Начини да делувате за намалување на оваа појава).

*Бројот на учесници е ограничен, при селекцијата предност имаат тие што ќе се пријават први, а останатите ќе бидат известени за наредни можности.

 

Share this:

Leave a Reply