[Повик за апликации] Global Changemakers: Глобален младински самит во Швајцарија

[Повик за апликации] Global Changemakers: Глобален младински самит во Швајцарија

Ги повикуваме сите посветени и активни млади социјални претприемачи, активисти и волонтери кои работат на целите за одржлив развој да дојдат и да ја споделат нивната работа преку аплицирање и со тоа да се здобијат со шансата да бидат избрани како Global Changemaker 2019 и да присуствуваат на Глобалниот Младински Самит 2019.

Самитот ќе се одржи 14 – 20 јули во Цирих, Швајцарија и ние ќе поканиме 60 исклучителни Changemakers да ни се придружат во недела на учење, вмрежување и забава со најинспиративните млади лидери во светот. Како дел од Global Changemakers 2019, избраните кандидати ќе имаат шанса да се приклучат на мрежата од над 1.000 млади Changemakers кои работат да ја подобрат ситуацијата во над 180 држави и ќе имаат шанса да аплицираат за грант со цел финансирање на нивните проекти.

Ако сте избрани, ќе ви бидат покриени летот (од главниот аеродром во вашата земја до Цирих), транспортот од Цирих до самитот, сместувањето и храната. Осигурување и дополнителни лични трошоци нема да бидат покриени.

60 кандидати ќе бидат избрани да присуствуваат на Глобалниот Младински Самит.

За да аплицирате, отворете го овој линк. За повеќе информации, отворете го овој линк.

Краен рок: 07 февруари 2019

Наменет за: млади на возраст од 18 до 23 години, од било која земја

Локација и време: 14 – 20 јули 2019 во Цирих, Швајцарија

Share this:

Leave a Reply