Перформанс: Ј А С Н Е М А

Перформанс: Ј А С Н Е М А

Со големо задоволство ве каниме да ги проследите третата и четвртата изведба на перформансот „Ј А С Н Е М А“ во Детскиот креативен центар лоциран во Младинскиот културен центар (МКЦ) на 21.11.2019 (четврток).

Првата изведба ќе започне во 20:00 часот, а втората изведба во 21:00 часот. Траењето на перформансот е околу половина час. Бројот на седишта е ограничен на 40. Ве молиме вашето присуство да го пријавите на info@lgbti.mk, а ние ќе ви испратиме потврден мејл за во кој термин има слободно место.

ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН.

Се повеќе деца и младинци се жртви на булинг, а дополнителен проблем е и појавата на сајбер- булингот. Почнува со почетните одделенија, продолжува во средните училишта, факултетите, а за припадниците од маргинилизираните заедници и поединци трае цел живот. Целта на театарскиот перформанс „Ј А С Н Е М А“ е да се разгледаат корените на проблемот од поинаков аспект, да се прикаже како се чувствува жртвата на булинг и да се согледа вистинската сериозност и влијание на оваа појава. Јаснема ќе ја снема, а јас нема…

Режијата е на Дени Стојанов, а техничката поддршка е на Зорица Зафировска. Актерите во перформансот се дел од групата за перформанс Кунстверкштат на Младински образовен форум (МОФ). Кунстверкштат е група на млади ентузијасти и љубители на театарот, друштво без граници на креативност, посветеност и младинска критична мисла.

Перформансот е дел од проектот „Perform2Reform“ кој е партнерски проект помеѓу пет земји чија цел е да ги адресира прашањата со булингот, дискриминацијата и нееднаквоста помеѓу младите преку употребување на алатки како уметност, театар и перформанс. Проектот е финансиран од Еразмус+ програмата на Европската Унија.

Постерот е дело на Јован Јосифовски, а графичкото прилагодување на Слободан Спасовски.

Се гледаме!

Share this:

Leave a Reply